• Latest

Став на ЦИВИЛ за случајот „Толковен речник на македонскиот јазик“

May 7, 2021

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Став на ЦИВИЛ за случајот „Толковен речник на македонскиот јазик“

May 7, 2021 15:35
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ бележи дека многумина се најдоа  навредени од најавата дека навредливите зборови „циганче“, „циганштија“, „поциганчи“, „циганштилак“ ќе бидат отстранети од дигиталното издание на „Толковен речник на македонскиот јазик“.

По реакциите од ромската заедница, од стручниот тим на Институтот за македонски јазик, информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.

ЦИВИЛ бележи голем број крајно непримерни и навредливи реакции од голем број корисници на социјалните мрежи меѓу кои има и политичари, јавни личности и интелектуалци.

„Ромите не треба да бидат навредени, бидејќи и пред 100 години така ги викале и никој не реагираше“. Има и доста „вицкасти“ коментари дека Ромите ќе бараат и книгата „Белото циганче“ да се запали…

Говорот на омразата кон Ромите на социјалните мрежи покажува дека дел од граѓаните, но и радикални политичари и јавни личности, сè уште ги гледаат Ромите како пониска категорија на граѓани кои немаат исти и еднакви права како останатите во државата.

Толковен речник на еден јазик е целокупниот запишан фонд зборови во јазикот, со аналитички објаснувања за зборовите, давање синоними и примери за употреба на зборот, но и со назнака за тоа дали е зборот стандарден, дијалектен, разговорен, вулгарен, архаичен, пејоративен односно подбивен или навредлив и слично.

Бришењето зборови од официјалното дигитално издание на Речникот на македонскиот јазик нема да го намалат говорот на омраза, туку напротив, ќе го засилат.

Затоа, според ЦИВИЛ, битно е овие зборови да постојат запишани во речникот, но зборовите да бидат соодветно објаснети, а не да се објаснува навредлив збор со исто толку навредливо толкување. Пожелно е во еден таков речник да бидат и податоци од каде потекнува таквата употреба во навредлив контекст. На пример, на временскиот контекст кога зборот бил усвоен или станал вообичаен.

ЦИВИЛ нагласува дека, во денешниот контекст, може да претставува говор на омраза. Суштински е да не се избришат тие зборови, меѓу другото, токму заради потребата говорната заедница да ги надмине навредливите зборови.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ