Британскиот пејач Стинг објави видео на кое ја изведува својата песна „Russians“ од 1985 година. Песната се фокусира на нуклеарната анксиозност за време на Студената војна и изразува надеж дека САД и Советскиот Сојуз ќе најдат некакво единство пред да го уништат светот со нуклеарна војна.
За жал, оваа песна повторно е релевантна, а Стинг ја изведе како дел од иницијативата „Help Ukraine“ која испраќа лекови и хуманитарна помош до украинската граница со Полска каде има голем број бегалци.
https://www.youtube.com/watch?v=IW0Wq-t4kSQ
„Ретко ја пеев оваа песна низ годините бидејќи не мислев дека некогаш повторно ќе биде релевантна. Но, земајќи ја предвид крвавата и целосно погрешна одлука на еден човек да го нападне својот мирен сосед, оваа песна повторно е молба за целото човештво. За храбрите Украинци кои се борат против оваа брутална тиранија и, исто така, многуте Руси кои протестираат против ова лудило и покрај заканата од апсење и затвор – Ние, сите ние, ги сакаме нашите деца. Запрете ја војната“, истакна Стинг.
Тој додава дека залихите што се испорачуваат во магацин во Полска се испорачуваат во координација со Вооружените сили на Украина и гарантирано ќе одат до луѓето на кои им е најпотребна.