• Latest
Фото извор: Укринформ

Сто години зад мајмунот

February 26, 2025
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Сто години зад мајмунот

February 26, 2025 20:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото извор: Укринформ

Фото извор: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕЛИН СТОЈАНОВСКИ

Во пресрет на третата годишнина од брутална воена агресија врз една суверена држава во срцето на Европа се присетив на една мудра реченица на врвен професор и воен аналитичар од моите студентски денови. Пред скоро половина век зборувајќи за војната помеѓу Иран и Ирак професорот за да ја долови сета тежина на војната и однесувањето на тие што ја започнале истата рече „Човекот е сто години зад мајмунот“.

Да бидам искрен, тогаш таа реченица ми беше малку смешна оти веќе имав научено дека човекот се разликува од животните по тоа што има разум. Со помош на разумот човекот може да препознае што е добро, а што зло. Е, како сега најсовршеното живо суштество, хомосапиенсот, може да биде сто години зад мајмунот и наместо со разум реагира со инстинкт.

Тогаш не разбрав, но сега добро знам што сакал да каже професорот.

За жал, пред точно три години, на 24 февруари 2022 година еден човек наредувајќи на своите војници да извршат брутална инвазија на територијата на суверена држава докажа  дека човекот го губи разумот и со своите постапки може да се деградира на ниво под нивото на животно.

Од тој ден историчарите запишаа полни три години на брутални злосторства, стрелање, убивање на недолжни граѓанки и граѓани и безмилосно уништување на со векови градена инфраструктура и народно богатство.

Три полни години, повеќе од четириесет милиони Украинци го немаат својот мирен сон. Долги денови и уште подолги ноќи милиони мајки Украинки се молат и со насолзени очи  ги чекаат своите чеда да се вратат живи од фронтот.

Три години милиони недолжни деца наместо игра и радост загрижено ги чекаат своите родители кои далеку некаде во ровови храбро се борат за да го сопрат агресорот и заштитат своите чеда.

Пред половина век ми беше смешно што професорот го смести човекот во својот развој цели сто години зад мајмунот. Денес после овие три воени години во срцето на најстариот континент видов дека наместо да размисли и со разумот донесе умна одлука еден човек на тој 24 февруари 2022 година беше понесен со животинскиот инстинкт и започна крвава војна.

За жал, одговорните за светскиот мир, пред сѐ, Организацијата на Обединетите Нации и ОБСЕ, во тој момент како да не постоеја. Советот за безбедност на ООН остана нем набљудувач и би рекол новинарски коментатор на настаните, а ОБСЕ вртоглаво и во паника го повлече персоналот од мисијата во Украина.

Во Европа од заминувањето на Ангела Меркел немаше лидер кој со својот авторитет и моќ ќе ја поведе Европа и од позиција на сила ќе му каже на тој човек да го вклучи човечкиот разум, а не животинскиот инстинкт. Исплашени во донесувањето на историски одлуки премногу време трошеа на споредни работи отколку на вистинска стратегија за решавање на војната. Изгубеното време дозволи меѓу нив да влезе кртот на неединство. Логично кога нема единство се губи и моќта.

Од друга страна, САД како глобален безбедносен лидер вообичаено доцни во донесувањето на стратегиски одлуки кога се во прашање безбедносните кризи во Европа. Претходната администрација, наместо да ја покаже цврстата лидерска рака се одлучи на постепено воведување на санкции кон напаѓачот и строго контролирана и ограничена воена поддршка на Украина.

Новоизбраниот претседател Трамп и неговата администарција ветија брзо решавање на војната но и по еден месец сеуште играат со стратегија топло ладно и тешко е да се предвиди кога навистина ќе престане војната. Наместо топло-ладно треба што поскоро да излезат со тврда стратегија.

Со меката стратегија конфликтот ќе си продолжи, а тие што го немаат видено и слушнато врескањето и офкањето на ранетите се погласно ќе повикуваат за посилна одмазда и уште лиење на крв.

Тие во своите кабинети не ги слушаат ниту клетвите и лелекањата на своите сограѓани чии синови, браќа и татковци ги пратиле во туѓа држава.

Да се надеваме дека еден ден ќе сфатат дека со своите постапки навистина биле сто години зад мајмунот.


М-р Велин Стојановски е полковник во пензија, експерт за национална безбедносна стратегија, и еден од основачите на Центар за антитероризам и мир „Гардиан“ – Куманово

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ