ЗОРАН ИВАНОВ
Важно им било медиумите да биле слободни ама „слободни“ и достапни само за нив и ај што почнале изборна кампања, почнале, ама а уста отворат а лажат па така и сега меѓу темите што ВМРО-ДПМНЕ почнува да ги форсира, ја сместува и онаа за медиумите што онака од ракав и најлицемерно ја крстат како „Важна е слободата на медиумите“ област за која видовме колку им е важна кога под окупација го ставија скоро со целиот македонски медиумски простор и кога редакциите им беа ептен важни ама важни само доколку им беа само ним слободно достапни како алатки за нивната децениска партиска пропагандна машинерија и според нивниот проверен вкус за слобода во која регистриравме и затворање на медиуми и прогон на новинари и корумпирање на уредници што, се заедно, и кај престижната „Репортери без граници“, медимската слобода ја урнисаа на речиси најдолоното 118-то место сместувајќи нé во друштвото на најтоталитарните општества на планетава, за денес, од Шарената наваму, да се рехабилитира и да се искачи на престижното демократско 38-мо но, еве, пак се потврдува дека слободата, па и медиумската, не освоена еднаш за секогаш на што упатува и, ако не фактот, тогаш барем силниот впечаток дека сенки на некои тоталитарни мантри повторно надвиснуваат над дел од највлијателните медиуми, посебно над некои од националните телевизии кои, судејќи по програмските политички содржини, како репризно да го посакуваат истото тоталитарно време, истиот тој режим во кој личните привилегии на сопствениците доминираа над општествените потреби, а бизнисите меѓу уредниците над нивните професионални новинарски и етички скрупули па, сето, кажано во оваа една реченица, некако како да наликува на познатиот „Стокхолмски синдром“ кога жртвата, наместо зад својата слобода, застанува зад слободата на својот киднапер.