„Изборите од 11 декември беа есенцијален чекор во надминување на кризата. НАТО нема интерес од вмешување во внатрешните политички процеси на вашата земја и ние не заземаме страна. Но, имаме интерес од придржувањето со нашите партнери и земјите-аспиранти, до политичките вредности и принципи на кои се базира Алијансата. Обврска на сите политички лидери во Скопје е да ги почитуваат резултатите од на демократските процеси и брзо унапредување на ефективна и функционална влада фокусирана на продолжување на итните реформи како и работа во корист на граѓаните“, се вели во писмото на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг упатено до претседателот Ѓорге Иванов.
Писмото на Столтенберг е одговор на писмото кое Иванов пред речиси еден месец го испрати до него, како и до членовите и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и до американскиот и турскиот претседател Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган.
„Ние му придаваме голема важност на политичкиот развој на вашата земја, вклучувајќи ги и аспирациите за членство во НАТО. Ние сакаме да ја видиме вашата земја како дел од просперитетниот, стабилен и демократски регион, напредувајќи на патот кон Европската унија. Ќе се сетите на мојата изјава од 26 февруари во која се повикувам на Декларацијата од НАТО самитот во Варшава, повикувајќи ги сите политички лидери на ПЈР Македонија, целосно да работат според Договорот од Пржино, како рамка за оддржливо решение на политичката криза. Јас, исто така, ги повикав авторитетите во Скопје да исполнат следниот чекор во демократскиот процес и ги повикав сите партии на воздржаност во своите изјави и постапки“, стои во писмото на првиот човек на НАТО.
„Очекувам од вас господине претседателе, и од останатите политички авторитети во Скопје, да ги почитувате добро утврдените демократски норми и да го почитувате Уставот. Исто така, ги повикувам партиите да се воздржат од реторики на поделба и да не ги подгоруваат етничките тензии. Како што слушнавте во текот на скорешната посета на Могерини на регионот, НАТО и ЕУ зборуваат во еден глас по ова прашање“, стои во писмото.