• Latest
Јавна расправа за Нацрт-Стратегијата за транспаретност на Владата (Фото: ЦИВИЛ)

Стратегија за транспарентност на Владата – визија за држава со култура на транспарентност и добро владеење за зголемена доверба на граѓаните

September 11, 2023

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стратегија за транспарентност на Владата – визија за држава со култура на транспарентност и добро владеење за зголемена доверба на граѓаните

September 11, 2023 14:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Јавна расправа за Нацрт-Стратегијата за транспаретност на Владата (Фото: ЦИВИЛ)

Јавна расправа за Нацрт-Стратегијата за транспаретност на Владата (Фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, заедно со Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за добро владеење,  организираа јавна расправа за Нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023- 2026 година).

„Кога ја креиравме нацрт-Стратегијата, водевме сметка да има континуитет. Направивме анализа од претходната Стратегија (2019-2023), да видиме што не е сработено и од кои причини, за да се надоврземе со новата и да продолжиме во континуитет,  која ќе ги постави темелите на едно повисоко ниво на транспарентност.  Убедена сум дека значително ќе се зајакне транспарентноста на институциите“, изјави вицепремиерката Грковска, во воведното обраќање.

„Со Стратегијата што денеска ја презентираме се дефинираат потребните процедури и стандарди за транспарентност и отчетност кренати на ниво кои ќе обезбеди соодветна одговорност и отчетност на сите јавни службеници и функционери пред граѓаните. Оваа Стратегија е усогласена со потребите на граѓаните и на институциите за проактивен и отворен систем и насочена е кон остварување на визијата Северна Македонија да биде држава со изградена култура на транспарентност, во која владеат стандарди на добро управување на институциите во извршната власт што придонесува кон зголемена доверба на граѓаните“, додаде Грковска.

Визијата по која се води Стратегијата е Северна Македонија да биде држава со изграден култура на транспарентност во која владеат стандарди на доброто управување во институциите на извршната власт, што ќе придонесат кон зголемена доверба на граѓаните.

Стратешките определби на во дадениот период се активна транспарентност, пристап до информации од јавен карактер, фискална транспарентност, отворени податоци и користење на податоците од јавен карактер, транспарентност при носење одлуки и транспарентност на процеси. Транспарентност на процеси се однесува на обезбедување интегритет и транспарентност при носење одлуки за кои раководното лице употребува дискрециона моќ или овластување. Со ова треба да се постигне стеснување на можноста за злоупотреба на дискреционите овластувања и поттикнување одговорност при нивно користење преку задолжителна отчетност и образложенија.

Стратегијата и Акцискиот план ја презентираа Наталија Шикова и  Ирена Бојаџиевска, експертки за  подготовка на нацрт-Стратегијата за транспарентност на Владата (2023-2026). Стратегијата и Акцискиот план можат да се најдат на ЕНЕР.

Денешната јавна расправа имаше цел за подобрување на стратешките определби за транспарентност.

Нацрт-текстот е резултат на работата на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност составена од претставници на граѓанските организации, медиумски и академски претставници и институции, што е дел од поддршката која Фондација Метаморфозис ја дава во рамки на соработката со Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење и преку проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Б. Јордановска

 

Tags: владаграѓаниотчетностстратегијатранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ