• Latest

Стејт департмент: Владејачката ВМРО-ДПМНЕ постојано ја попречува работата на Обвинителството!

March 6, 2017

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стејт департмент: Владејачката ВМРО-ДПМНЕ постојано ја попречува работата на Обвинителството!

March 6, 2017 12:00
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во годишниот Извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2016 година, во делот кој се однесува на Македонија се вели дека најзначајните проблеми со човековите права во земјата произлегуваат од сеприсутната корупција и од неуспехот на Владата – целосно да го почитува владеењето на правото, вклучително и постојаните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешањето во судството, попречувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и селективното спроведување на правдата.

„Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, постојано ја попречува работата на Обвинителството и јавно го критикува специјалниот обвинител Катица Јанева, тврдејќи дека е некомпетентна и политичка алатка на опозицијата. Помилувањата на претседателот Иванов во април минатата година, за два месеца ги замрзнаа повеќето од случаите на Специјалното обвинителство. Судскиот систем, исто така, одигра своја улога во попречувањето на ефективноста на канцеларијата на Специјалниот јавнен обвинител,“ се наведува во извештајот.

Во извештајот се забележани и бројни напади врз новинари и медиумски работници, малтретирање на затвореници и лоши услови во затворите, а се посочува и дека Владата недоволно истражува, процесира и казнува официјални претставници кои направиле прекршоци, вклучително и прекумерната употреба на сила на полициските службеници.

Општите заклучоци на светско ниво се дека состојбата со основните слободи на изразување и собири низ светот е сериозно влошена. Стејт департментот потецира дека се влошени и условите за работа на активистите за човекови права, како и на опозициските партии и групи во голем број земји.

„Корупција, употреба на тортура, сексуално малтретирање на жените и дискриминација против малцинствата се зголемени во некои делови од светот. Во нагорна линија се движи ограничувањето на медиумите и интернет слободата, како и сузбивање на политичките опозициски групи и неможноста народите сами да избираат свои влади. Во Филипини е констатирано дека расте бројот на убиствата на дилерите на дрога од полицијата, но и од други лица кои не се припадници на силите на редот. Во Турција во 2016 година се уапсени илјадници луѓе кои владата, најчесто без докази, ги обвини дека го поддржале обидот за воен удар. Особено загрижува фактот дека во Турција масовно се апсат новинари. Во Кина и понатаму е присутна репресијата на лицата што се занимаваат со заштита на граѓанските и политичките права, а како резултат на тоа, и понатаму има десетици илјади политички затвореници, иако кинеските власти го негираат ова. Во Венецуела постои систематска и политизирана употреба на судството со кое се застрашуваат и се гонат критичарите на власта“, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

 

 

 

Tags: 2016извештајМакедонијаСветСтејт Департментчовекови права и слободи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ