• Latest

Судир на „идеологии“ или како се степавме за 300 илјади евра (5)

July 10, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Судир на „идеологии“ или како се степавме за 300 илјади евра (5)

Во моментов се во тек неколку судски постапки кои се водат против поранешни членови на партијата, но и постапки против Апасиев и партијата Левица со која тој раководи по нелегитимно одржаниот редовен Пленум, каде е сменет Статутот на партијата и воведена е функцијата Претседател на партијата. Меѓутоа, во интерес на инволвираните страни во овие постапки кои се водат во Основното Јавно обвинителство нема да изнесувам повеќе детали.

July 10, 2020 08:06
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ГОРДАН СТОШЕВИЌ

прв дел | втор дел | трет дел | четврти дел

Со ова, целта на одредени центри на моќ беше остварена, и со тоа левите прогресивни сили беа фрлени на колена. Денес во Македонија никој повеќе не верува во левата идеја, политичката борба и натаму се сведува на НВО секторот и граѓанската иницијатива, со што е ускратена институционалната борба против политичките субјекти кои се служат со крупен капитал полни триесет години.

Делумна вина сносиме и ние, кадрите, кои дозволивме кадровската политика да ни ја водат идеолошко-политички аналфабети, кои вчера почнаа да го читаат Маркс, само затоа што е модерно, но не и за да се разбере историскиот материјализам на класната борба. Ваквото флагрантно незнаење нè чинеше слом, пад на повеќегодишниот општествен активизам и борба против капиталистичкиот систем, но пред сè губење кредибилитет во редовите на и онака девастираната работничка класа, која сè повеќе се врти кон десницата и неа ѝ дава легитимитет во водењето на борбата за остварување на своите интереси. Политичко-економски оксиморон, со оглед на тоа како помина работничката класа кога се сврте кон десницата, особено во време на подем на фашизмот и нацизмот во Италија и Германија.

Секако, овде предвид доаѓа и опортунизмот на внатрешно партиските фракции кога е во прашање Левица, особено на оние кои се собираа околу либерално левиот центар на Здравко Савески и организацијата „МО – Црвени“, кои со својот конформизам, легализам, и опортунизам подеднакво се одговорни за сè она што се случи во редовите на партијата. Борбата помеѓу Савески и Апасиев за превласт во партијата стана и повеќе од лична, борба на лични суети, борба која на некој начин навести раскол во партијата, па и го поплочи патот на лидерство на еден човек, иако партијата Левица од самиот почеток беше поинаку структурално поставена.

Меѓутоа, никако не смее да се амнестира од одговорност ниту левата струја во партијата, многу мала група, од вкупно пет-шест членови на ЦК и Президиумот, единствената статутарна фракција која во таа борба меѓу Апасиев и Савески ја зазема страната на вториот, ја форсираше својата политика исклучиво со матрицата на Троцки, па со нивниот ентризам им даде повод повеќе на останатите да го направат она што ќе го направат подоцна.

Нивното политичко самоубиство не може да се опише поинаку, освен како борба за остварување на свои лични и теснопартиски интереси на сметка на останатите, имајќи предвид дека на самиот почеток се позиционираа на страната на посилниот (Апасиев) за да ја елиминираат „петтата колона“, своите идеолошки непријатели, за да дојдат до највисоките раководни структури на партијата. Во што и успеаја по исклучувањето на сите членови на Иницијативниот одбор на вонредниот Пленум на партијата. Оваа мала субверзивна група и ден-денес на социјалните мрежи ја води својата безопасна борба, докажувајќи се за левичари а, меѓутоа, таа мала група повеќе нема никаков политички кредибилитет да зборува во име на обесправените, таа едноставно ќе заврши на ѓубриштето на историјата.

Меѓутоа, нивната политичка кратковидост скапо ги чинеше, кога почнаа да ги губат сите битки во внатрепартиската борба со десната струја предводена од Апасиев, кој под своја контрола имаше околу десетина членови на ЦК. Тивката војна, далеку од очите на јавноста, се водеше во текот на цела 2018 година, во која беа вклучени, условно речено, две страни, десна и лева, иако идеолошко-политичкиот судир беше значително покомплексен од она што некои денес сакаат да ѝ го прикажат на јавноста.

Тој судир кулминираше на последните две седници на ЦК, од 18 ноември и 16 декември 2018 година, на кои бев лично присутен. Последната беше само чиста формалност, чие одржување на 3 февруари 2019 година, поради недостаток на кворум, е откажано, бидејќи пред тоа приврзаниците на десната страна на Апасиев ја напуштија седницата по жолчна расправа околу составот на Президиумот. Само 24 часа подоцна, таа иста група со молскавичен маневар во кој го искористија службениот печат и штембил, противправно ја присвоија партиската архива, а подоцна и партиските пари во висина од скоро 100.000 €. Тогашниот член на ЦК Дарко Димитров се присеќава:

„Таа седница на ЦК помина во мошне жолчна атмосфера и беше продолжение на настаните од претходните две. Нова можност за Апасиев по пат на дискредитирање на останатите членови на раководните органи да се обиде да ја прекине седницата. Намерата успеа да ја оствари со својата позната вулгарна реторика, потенцирајќи дека повеќе не сака да соработува со секташи, како што ги нарече, пред да ја напушти седницата заедно со своите приврзаници“.

Не требаше многу, по изведениот пуч, да се огласи новиот наследник на партијата Левица, по пат на Циркуларен допис, на 15 февруари 2019 година, од страна на Президиумот на членовите на партијата (во чиј потпис беше видливо името и презимето на Димитар Апасиев) и да биде соопштено во јавноста преземањето на партијата. Со тоа се уништи секоја надеж за консолидирање на партиските редови. Преземањето на партијата му даде ветер во едра на Апасиев, па после тоа започна да се пресметува со многуте неистомисленици кои ги товари за наводни малверзации и злоупотреби на службена положба. Но, она што морам да го напоменам е дека во моментов се во тек неколку судски постапки кои се водат против поранешни членови на партијата, но и постапки против Апасиев и партијата Левица со која тој раководи по нелегитимно одржаниот редовен Пленум, каде е сменет Статутот на партијата и воведена е функцијата Претседател на партијата. Меѓутоа, во интерес на инволвираните страни во овие постапки кои се водат во Основното Јавно обвинителство нема да изнесувам повеќе детали.

Единствено во тој контекст истакнат член на партијата и највисоките раководни органи, како и некогашен член на КП на Македонија, Перо Оџаклиевски, ќе рече:

„Борбата со реакционерните елементи кои нелегитимно ја присвоија партијата и понатаму трае и од тоа не се откажуваме, и покрај одбивањата на сите наши жалби за нелегитимната одлука за промена на раководните органи на партијата Левица. Нашиот спор со новото раководство на партијата и лично со Апасиев и натаму трае во Вишото Јавно обвинителство.“

Она што уште треба да се напомене на крајот на оваа анализа е и тоа дека оваа партија во моментов се подготвува за претстојните парламентарни избори закажани за средината на следниот месец, чија кампања е во тек. Што се однесува до ставовите на партијата, тие не се сменети, остануваат исти како и целата претходна година кога е продолжена десната националистичка реторика на надојден популизам.

(крај)

Авторот на текстот, Гордан Стошевиќ, е некогашен член на партијата Левица и еден од нејзините основачи.

Превод од српски: Александра Исаковска

прв дел | втор дел | трет дел | четврти дел

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ