• Latest
Шарената револуција, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Светски ден на фотографијата

August 19, 2019

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светски ден на фотографијата

Во чест на Светскиот ден на фотографијата, Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа направи кратка селекција од својата богата архива со преку 100.000 фотографии.

August 19, 2019 20:09
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Шарената револуција, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Шарената револуција, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на фотографијата се одбележува на 19 август со цел да ги инспирира фотографите ширум планетата да споделат фотографии со едноставна цел: да го споделат својот поглед на свет со светот. Овој ден е посветен на уметноста, занаетот, науката и историјата на фотографијата.

Активистички ден на ЦИВИЛ во Штип
Сите временски прилики се поволни за активизам! – мото на ЦИВИЛ. На фотосот: тимот на ЦИВИЛ во Штип, 11 јануари 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Светскиот ден на фотографијата е одреден според датумот на кој е изработен првиот дагеротип, фотографски процес развиен од Французите Луи Дагуер и Јозеф Никефор во 1837 година.

На 9 јануари 1839 година, Француската академија на науките го објави процесот наречен дагеротип, а на 19 август, француската влада го купува патентот и го објавува изумот како „бесплатен подарок за светот“.

Протести на Шарената револуција пред ДИК, 2016 г. / фото: ЦИВИЛ

Првата трајна фотографија во боја е направена од Томас Сатон во 1861 година. Таа претставува збир на три црно-бели фотографии направени преку црвени, зелени и сини филтри. Сепак, фотографските емулзии кои тогаш биле во употреба, биле нечувствителни на спектарот, па резултатот бил далеку од совршен и начинот на кој се дошло до овие колор фотографии наскоро биле заборавен.

Првата дигитална фотографија е направена во 1957 година; скоро 20 години пред инженерот на Кодак да ја измисли првата дигитална камера. Фотографијата е дигитално скенирање на снимка првично направена на филм кој го прикажува синот на Расел Кирш (Кирш е поранешен американски инженер во Националното биро за стандарди кој го развил првиот скенер за дигитални слики) и има резолуција 176х176 пиксели.

Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Но, фотографијата од самиот свој почеток го покажала огромниот потенцијал не само за овековечување на еден момент кој трајно ќе биде сведок за некој настан, туку како начин да се влијае на промени, да се посведочи за неправдите, подеднакво како и за најновите модни трендови.

Од своите почетоци, пред дваесет години ЦИВИЛ посветува огромно внимание на фотографијата. Од секој настан, ЦИВИЛ има богата колекција на фотографии.

Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

На 19 август 2010 година, Иницијативата Светски ден на фотографијата ја организираше својата прва глобална галерија преку Интернет. Речиси 270 фотографи споделија свои слики и луѓе од над 100 земји ја посетија веб-страницата. Оттогаш, голем број љубители на фотографијата, професионалци и аматери ширум светот го одбележуваат Светскиот ден на фотографијата.

Во чест на Светскиот ден на фотографијата, Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа направи кратка селекција од својата богата архива со преку 100.000 фотографии. Еден мал дел од таа колекција е објавен и на заедничкиот Фејсбук профил на организацијата и редакцијата.

Биљана Јордановска

 


Фотографиите во прилог се авторски придонес на тимот на ЦИВИЛ. Преземањето не е дозволено.

Share45TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ