• Latest

Северна Кореја не прифаќа условување од САД

March 4, 2018

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Северна Кореја не прифаќа условување од САД

March 4, 2018 08:13
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Кореја е подготвена да разговара со САД, но нема да ги прифати предусловите за дијалогот, изјави денеска портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

– Во текот на децениските разговори помеѓу Северна Кореја и САД, нема ниту еден случај кога разговаравме со САД под какви било предуслови и така и ќе остане. Американскиот однос откако покажавме дека планираме разговори не наведува на помислата дека САД не се заинтересирани за продолжување на дијалогот, посочи портпаролот.

Тој истакна дека „доследниот и принципиелен“ став на Северна Кореја е „дипломатски да ги решава споровите и мирно по пат на дијалог и преговори“.

сад северна кореја

– Дијалогот што го сакаме има за цел да разговараме и да ги решиме прашањата од взаемен интерес како две рамноправни држави, истакна портпаролот на севернокорејското МНР.

Ставот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е дека Северна Кореја мора да покаже дека е подготвена да се откаже од нуклеарната и ракетна програма пред да има какви било разговори.

Доналд Трамп ЦПАЦ

САД на 23 февруари соопштија дека воводуваат нов пакет санкции кон Северна Кореја со цел да го натераат Пјонгјанг да се разоружа. Тогаш Трамп предупреди дека тоа е „фаза два“, која би можела да биде „многу несреќна по светот“ ако не би имале ефект таквите чекори.

Претходно, севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека Северна Кореја „на свој начин“ ќе им се спротистави на САД доколку американската армија одржи заедничка воена вежба со Јужна Кореја.

– Ако САД одржат заедничка воена вежба додека и понатаму се во сила санкциите кон Демократска Народна Република Кореја, ДНР Кореја ќе им се спротистави на САД на сопствен начин за противдејствување, а САД ќе мора да ја преземат цела одговорност за последиците што ќе уследат, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Во соопштението се истакнува и дека Вашингтон се обидува да го попречи намалувањето на тензиите помеѓу Северна и Јужна Кореја.

На почетокот од април предвидена е заедничка воена вежба помеѓу американската и јужнокорејската армија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: дијалогСАДСеверна Корејауслови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ