• Latest

Светски ден на театарот

March 27, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светски ден на театарот

March 27, 2018 08:22
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на Интернационалниот театарски институт-ИТИ на УНЕСКО во театрите низ светот денеска се прославува Светскиот ден на театарот и пред почетокот на претставите се читаат пораките – национална и светска порака, напишани од актери, драмски автори, режисери, продуценти. 

Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од наредната година тој почнал да се слави на 27 март – датумот кога е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз.

Светскиот ден на театарот денес на различни начини се одбележува од речиси сто национални центри на Интернационалниот театарски институт ИТИ, кој е основан во 1948 од УНЕСКО и е најважната меѓународна невладина организација во областа на изведувачките уметности.

ИТИ настојува да ја промовира интернационалната размена на знаења, да го стимулира творештвото и да ја зголеми соработката меѓу театарските луѓе и заемното разбирање со цел да се зајакне мирот и пријателството меѓу народите. Настаните што низ светот се организираат на Светскиот ден на театарот се обид да се остварат тие цели.

Интернационалната порака се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред претставите во театрите низ светот. Автор на првата меѓународна порака во 1962 година бил францускиот писател, сликар и режисер Жан Кокто.

Од 1997 Македонскиот ИТИ центар го одбележува Светскиот ден на театарот и со македонска порака. Неа годинава ја напиша актерот и стендап-комичар Сашко Коцев кој, меѓу другото, порача дека е неопходна демистификација на театарот и дека Светскиот ден на театарот е одличен повод токму театарските дејци да ги симнат маските од нивните лица и да проговорат за вистината.

Сашко Коцев

– Да се навратиме, да се потсетиме или да ги освестиме базичните мотиви кои нѐ натерале да се бавиме со оваа професија. Да го замениме стремежот кон конформизам и благосостојба, кои во принцип значат креативна смрт за уметникот, со несебична борба за промена од моменталниот културен стриптиз во создавање здрава културна матрица, наведува Коцев во пораката.

Поради 70-годишниот јубилеј на ИТИ УНЕСКО  (1948-2018) оваа година наместо една има пет светски пораки од луѓе од театарот од пет континенти – претставници на регионалните центри на ИТИ. Автори на пораките се: Сабина Берман од Мексико,  Сајмон МекБарни од Велика Британија, Маја Збиб од Либан, Рам Гопал Баџаџ од Индија и Вере Вере Лајкинг од Брегот на Слоновата Коска.

Македонскиот народен театар вечер по повод Светскиот ден на театарот бесплатно за посетителите ќе ја изведе претставата „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Турски театар-Скопје својата нова претстава „Среќна нова година“ по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс и во режија на Бојан Трифуновски ќе ја изведе во Штип, а Театар Комедија со премиерата на  „Не сега, драга“ од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски воедно ќе го одбележи и својот шести роденден. 


Извор: МИА

Tags: одбележувањеСветски ден на театарот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ