• Latest

Тахири: Младите треба да се дружат и надвор од своите заедници, и од тоа што е работна обврска

January 9, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Тахири: Младите треба да се дружат и надвор од своите заедници, и од тоа што е работна обврска

January 9, 2023 14:17
in МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ги следиме случувањата и процесите на институционално, општествено, локално и секакво ниво, во смисла на придонес за подобрување на состојбите со меѓуетничките односи, каде и да е тоа потребно. Изминатата година работевме на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ и тоа во правец на приближување на нашите ставови, со ставовите на институциите , општеството и политичките чинители, во однос на почитување на различностите, во однос на тоа што значи негување на мултикултурноста, препознавањето на различното, антинационализмот и секако, низ нашата работа низ разговор и со граѓаните низ цела држава. Меѓу другото, ја следевме и работата на новата стратегија ‘Едно општество за сите’, и дадовме наши препораки“, вели меѓу другото Дијана Тахири од ЦИВИЛ на мултимедијалниот и медиумскиот настан организиран од ЦИВИЛ и интегрираната редакција на ЦивилМедиа „Перспективи 2023“.

Според неа, меѓуетничките односи навидум се мирни, нема некакви тензии какви што имаше во еден одреден период пред години, меѓутоа, има нешто друго. „Луѓето, не само по етничка основа, туку и интра-етнички се оддалечуваат едни од други. Различната култура не се познава доволно, но полека, се прифаќа. Низ бројните настани, една од темите која ја чепнавме беше и алатката за вработување, балансерот, и злоупотребата на оваа алатка.

Колку и да е злоупотребен, а за што добивме гаранции дека ќе се работи на нов механизам кој ќе спречи злоупотреба, преку балансерот се постигна меѓу другото, луѓето да се навикнат на фактот дека на работните места не преовладува една етничка заедница, а се надевам дека во блиска иднина нема да имаме потреба за таква алатка, односно процентуално застапување, туку вработувањата ќе бидат врз други основи и без никаква дискриминација, а тоа е нешто на кое треба сите без исклучок, да работиме заедно“, појаснува Тахири.

Таа вели дека нејзина лична, но и организациска заложба е во иднина да се поттикне желбата за препознавање на културата на другиот, па потоа доаѓа и почитувањето на таа различност. Ако постои желбата да се знае како живее другиот, во домашни услови, со друга културолошка подлога, да се следат и медиумите на јазиците на другите етнички заедници, за да се фати ритамот и препознае различноста. Да се дружиме малку повеќе надвор од тоа што е работна обврска. Посебно младите, тие навидум најмалку имаат проблем со другите, но тоа само кога работат заедно, но, кога е градот поделен, кога општината е поделена, кога е поделено селото, тогаш имаат проблем, не се познаваат. Тука треба да поработат првенствено семејствата, институциите, а највеќе образовниот систем, и тоа час поскоро, заклучува Тахири.

С. Танеска/Д. Тахири

Камера: Александар Ризински

Монтажа: Ариан Мехмети 

Tags: меѓуетнички односиМултикултураПерспективи 2023Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ