• Latest

Тајната комуникација на Трамп со Путин и други поенти од новата книга на легендарниот Боб Вудворд

October 15, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Тајната комуникација на Трамп со Путин и други поенти од новата книга на легендарниот Боб Вудворд

October 15, 2024 14:04
in КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Рано утринава ја слушнав долгоочекуваната нотификација од Амазон, кога во мојот Киндл слета новата книга од легендарниот новинар Боб Вудворд, „Војна“ (“War” – Bob Woodward).

Книгата, уште пред да се појави, предизвика силни бранувања, а посебно нервозна беше реакцијата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп.

Авторот открива дека кога Трамп беше претседател во 2020 година, тајно му испратил уреди за Ковид-тестови на Путин во време кога целиот свет се соочуваше со осакатувачки недостиг од сè што беше поврзано со пандемијата. Книгата открива дека Путин бил смртно преплашен од болеста и со олеснување го примил подарокот од Трамп. Притоа, пишува Вудворд, Путин го предупредил да не кажува никому за подарокот, не поради него, туку поради можните политички последици по Трамп, кој на тоа реагирал со зборовите “не ми е гајле“.

Трамп и неговиот тим во кампањата веднаш побрзаа да ги негираат наводите во книгата. „Тој е раскажувач. Лош. И ги изгубил кликерите. Ниту една од овие измислени приказни на Боб Вудворд не е вистинита“, изјави Трамп во обид да го дискредитира Вудворд, пренесе Си-Ен-Ен. Не е првпат Трамп дрско да ги негира фактите. Кремљ се огласи веднаш потоа со потврда дека наводите во книгата се точни, пренесе Ен-би-си.

Што се однесува до „љубовта“ меѓу Трамп и Путин, во книгата се открива дека тие двајца разговарале дури седум пати откако Трамп ја напушти Белата куќа во 2021 година. За контакти од овој тип, постојат строги протоколи. Но кога законите и протоколите биле проблем за Трамп!?

Овие скандалозни откритија сигурно ќе имаат влијание на рејтингот на Трамп, на само три недели пред неизвесните претседателски избори во САД. И уште еднаш ја потврдуваат моќта на новинарите во светот. Книгата ќе ја читам со внимание и секако ќе споделам и други интересни моменти од неа.

Збор-два за авторот Боб Вудворд. Тој е легендарен новинар, два пати е добитник на престижната Пулицерова награда. Роден е во Женева, Илиноис, во 1943 година. Студирал историја и англиски јазик на универзитетот Јејл. Пет години бил маринец во американската војска во 60-те години од минатиот век.

Неговата новинарска кариера започнува во 1971 година во Вашингтон Пост, каде што и денес е дел од уредувачката екипа. Неговата новинарска работа му донела непријатели на самиот почеток. Тој бил под постојани напади од тимот на Никсон и Републиканците, меѓу другото, и дека неговите написи се „озборувања, инсинуации, вина по асоцијација.“ Наспроти сите напади, закани и притисоци, 30-годишниот Вудворд во 1973 го добива својот прв Пулицер за своите извештаи за аферата Вотергејт. Вториот Пулицер го добива во 2003 година како водечки репортер за терористичките напади на 11 септември 2001. Автор и коавтор е на 21 книги од кои повеќето се бестселери, а дури 12 од нив се наоѓаат на првото место од најпродаваните книги во САД.

Еден друг новинарски великан, Боб Шифер (Си-би-ес), во 2004 година рече: „Вудворд се етаблира како најдобар известувач на нашето време. Тој можеби е најдобриот известувач на сите времиња“.

Куриозитетен е и ставот на Роберт Гејтс, поранешен директор на ЦИА и секретар за одбрана, кој во 2014 година призна дека посакувал да го регрутира Вудворд во ЦИА. Гејтс за Вудворд вели дека „тој има извонредна способност да ги натера инаку одговорните возрасни да ги истурат [своите] црева пред него… неговата способност да ги натера луѓето да зборуваат за работи за кои не треба да зборуваат е извонредна и можеби е единствена“.

Можам да набројувам уште многу изјави и квалификации за Вудворд, но можеби е подобро да ве оставам и вие да откриете нешто повеќе за овој новинарки џин. И, се разбира, да ја прочитате книгата.

Џабир Дерала

Tags: Боб ВудвордВашингтон постДоналд ТрампиздаваштвоМедиуми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ