Талибанските борци денеска ја презедоа контролата над авганистанската провинција Газни и убија 12 лица, вклучувајќи го и гувернерот на областа Али Дост Шамс, изјави заменикот-началник на полицијата во Газни Рамазан Али Мохсени.
Преземањето на областа Хаваџа Омари, досега сметан за еден од најбезбедните окрузи, ја зголемува територијата која ја контролираат Талибанците и им овозможува да се доближат до регионалната престолнина Газни.
– Талибанците го убија гувернерот, неговите телохранители, седуммина полицајци и петмина разузнавачи, по што ја запалија зградата на локалната управа, соопшти Али Мохсени.
Портпаролот на Талибанците тврди дека во нападот се убиени 20 полицајци.
[divide]
Извор: МИА