• Latest

Танги: Франција одблиску ги следи случувањата во Македонија

March 24, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Танги: Франција одблиску ги следи случувањата во Македонија

March 24, 2018 08:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција одблиску го следи сето она што се случува во Македонија и ја охрабруваме да продолжи со спроведување на реформите, но и да го подобри функционирањето во Собранието. Го поддржуваме проширувањето на ЕУ кон сите земји од Балканот. Посакуваме Македонија и Грција да изнајдат заедничко прифатливо решение за спорот што постои повеќе години со прашањето поврзано со името. 

Ова во интервју за МИА го истакнува првата француска пратеничка со македонско потекло Лилијана Танги, пренесувајќи го официјалниот став на Елисејската Палата.

Таа е оптимист дека Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, по забележаниот напредок со доаѓањето на новата Влада.

Во однос на парламентарната соработка, таа смета дека парламентарната дипломатија е многу важна за запознавање на двете земји и за воспоставување соработка, а во работата на Парламентот ја извојува важноста од препознавање и издигнување на нациионалниот, државниот интерес над партиските.

– Работите никаде не се совршени, во ниту едно Собрание. Во македонското Собрание можеби нема толку честа размена на мислења или дебати, односно би рекла нема конструктивни дебати. Веројатно постои опструкцијата од страна на опозицијата. Од една страна тоа можеби е нормално, но не треба да биде претерано. Во одреден момент ќе треба, пред се да го имаме предвид генералниот интерес, интересот на земјата кој треба да надвладее над партиските интереси, вели Танги.

Во мојата земја, додава, успеавме да создадеме една политичка сила, која се нарекува Републиката во движење, што беше основана од претседателот Емануел Макрон.

– Станува збор за своевидно движење кое успева да ги истакне добрите нешта со кои настојуваме да чекориме кон прогрес и да ги земеме добрите идеи и иницијативи од сите страни без оглед од која политичка партија доаѓаат. Тоа е своевиден нов начин на водење политика, надвор од делувањето на традиционалните партии, каде се обидуваме да бидеме помалку догматични, а повеќе прагматични и секогаш чекорејќи кон вредности, кон напредок и токму постигнувањето на таков прогрес треба да биде нашата вредност, вели Лилијана Тамги во интервјуто за МИА што во целост ќе го обавиме утре.


извор: МИА

Tags: МакедонијаподдршкапосетаТангиФрнација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ