„Првата работа што треба да ја направиме е да отидеме во Брисел, да побараме некаква гаранција дека ова е последно политичко условување за Македонија. Јас продолжувам да мислам дека главната причина не се уставните промени за Македонија, рече во синоќешното интервју на Канал 5 телевизија кандидатот за претседател од коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари.
Видете, во 2019 година не не блокираше Бугарија, имавме вето од Франција. Јас продолжувам да мислам дека корупцијата, и правниот систем и нереформирањето на институциите се главниот проблем на Македонија. Доколку ние, во овој период одма после новата влада, почнуваме и покажуваме знаци дека ние сме определени и подготвени да започнеме со реформите во инститициите.
Да започнеме со првите пакет закони за ветинг, дека сме заинтересирани навистина да се справуваме со корупцијата и криминалот во државата. Јас верувам дека ќе имаме вакви гаранција од Европска унија“, порача Таравари.
Н. А.