• Latest
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари: Зголемен е бројот на регистрирани случаи на Ковид, да се почитуваат препораките

August 21, 2024
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Таравари: Зголемен е бројот на регистрирани случаи на Ковид, да се почитуваат препораките

August 21, 2024 11:40
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека е зголемен бројот на регистрирани позитивни на Ковид во земјава и укажа дека треба да се почитуваат антиковид-правилата за проветрување и хигиена. За хоспитализираните пациенти кај кои ќе се открие вирусот, рече дека треба да продолжат да се лекуваат на истата клиника.

– Има пораст на бројот на регистрирани со Ковид во државава, имаше состанок и Комисијата за заразни болести и имаме заклучок од нив како треба да се третираат – треба да се придржуваме на правилата – отворени простории, да нема повеќе луѓе на исто место, хигиената да се запазува. Меѓутоа, пациентите што се третираат на клиниките од одредена болест, а во меѓувреме се инфицираат и со Ковид, препораките се да продолжат со лекување во истата клиника, конзилијарен инфектолог да даде препорака за дополнителна терапија доколку треба. Повеќето пациенти очигледно го поминуваат асимптоматски или со многу лесна форма на симптоми, рече министерот Таравари на прес-конференција на која беа промовирани девет нови генерички лекови кои се ставаат на Позитивната листа.

Соопшти дека на седница на Владата вчера дискутирале да се најде решение со кое ќе им се овозможи на докторите од приватно здравство да се вратат во јавното со оглед дека постои интерес. Како што рече, тоа ќе се однесува на експерти со над 10 години работно искуство, специјалисти и супспецијалисти, кои ќе бидат ангажирани во болници  во кои има  недостиг од  кадар.

– Многу сум сигурен дека ќе изнајдеме решение одреден број од нив да се вратат бидејќи  ова нѐ прави горди. Гледаме дека веќе има интерес од докторите кои работат во приватно здравство да се вратат во јавно здравство, што укажува дека се враќа довербата во јавните здравствени установи, истакна Таравари одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со одлуката на Владата да се формира комисија за изградба на дополнителни гаражи во Клиничкиот центар во Скопје, од кои некои  ќе бидат и катни, министерот рече дека комисијата ќе го спроведе јавниот повик за гаражите коишто ќе се прават по пат на јавно-приватно партнерство.

Очекува повикот што побргу да биде објавен од Министерството за здравство и за сите детали и барањата што ќе треба да ги исполнат заинтересираните компании, ќе има посебна прес-конференција. Министерот ги охрабри сите заинтересирани компании да конкурираат штом повикот биде објавен.

Во врска со тековниот тандер за компресорската станица за хируршките сали во Клинички центар, тој нема информации колку компании се пријавиле досега и рече дека тоа ќе биде познато по завршување на тендерот, на 12 септември.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ