• Latest

Театар на сенки: „Сонот на облачето“

November 18, 2017
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театар на сенки: „Сонот на облачето“

November 18, 2017 14:22
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Ноември е месец на фестивали, меѓу кои се вбројува и Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки “Сонот на облачето” кој ќе се одржи од 20 до 22 ноември во просториите на Младинскиот културен центар.

Како единствен фестивал од овој тип во регионот, “Сонот на облачето” успешно придонесува и кон интернационална афирмација на оваа уникатна уметност, веќе петта година по ред.

Сенката е во постојана игра со светлината во оваа уметност, а тоа најдобро е прикажано на првата фестивалска вечер на 20 ноември во спекатклот “Јас и Болвата” во изведба на LIchtbende од Кралството Холандија. Невино улично куче го пронаѓа својот нов дом во едно грижливо семејство. Но болвите, скриени во кучето, започнуваат да лумпуваат низ домаќинството и веќе ништо не е како порано. Навидум бизарна и возбудлива приказна која се изведува со помош на магични фенерски анимации и изведба на музика во живо.

Следна на репертоарот е фантастичната Валерија Гулиети од Sombras Chinas од Шпанија, која на 21-ви ноември со претставата “Рачиња” по втор пат гостува на “Сонот на облачето”. Во 2015г. нејзината изведба на “Танцот на рацете” беше проследена со бројни овации од страна и на децата но и на возрасните.

Фестивалот ќе биде затворен на 22 ноември со претставата “Малиот Принц” во изведба на Театар “Сенки и облаци” од Скопје, кој минатата година прослави 10 години од своето постоење и континуирана продукција на театарски претстави на сенки. “Сенки и облаци” бележи бројни турнеи на неколку континенти и ја продолжува својата мисија на афирмација на макeдонските културни вредности преку театарски претстави со сенки.

“Сонот на облачето” од година во година нуди сè поисполнета фестивалска програма која се стреми да ја забавува но и едуцира публиката во доменот на визуелни игри со театар на сенки.

Имено, во рамките на фестивалот ќе бидат одржани работилници со секој од театрите изведувачи. Во недела (како вовед кон програмата) Театар “Сенки и облаци” со уметникот Доротеј Нешовски ќе изработуваат и анимираат кукли за театар на сенки, кои за време на фестивалските денови ќе бидат дел од интерактивната детска сцена во фоајето на Сцена Фросина. Во вторник, вештите раце на Валериа Гулиети ќе споделат неколку тајни во уметноста на правење сенки со раце, додека во среда децата со Lichtbende ќе изработуваат кукли од рециклирани материјали, кои потоа ќе ги проектирааат со магични лампи. Посетителите ќе имаат можност да ја посетат и изложбата на традиционални кинески кукли за театар на сенки.

Фестивалот во својата публика редовно вбројува и деца кои припаѓаат на одредени општествено маргиналиизрани групи. Изминатите години дел од дружбата беа децата од СОС Детско Село, Трисомија 21 (асоцијација за деца со Даунов синдром и нивните семејства), Cентаро за деца од улица во Шуто Оризари, а годинава таа можност повторно ќе ја имаат децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.

Организатор на фестивалот е Здружението „Сенки и облаци“ од Скопје, кое со поддршка од Министерството за култура на Р.М., градот Скопје, Младинскиот културен центар и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје по петти пат ќе ѝ овозможи на најмладата публика да ужива во магијата на театарските претстави со сенки.

Билетите се во продажба на билетарницата на Младинскиот културен центар по цена од 150 денари, а за организирани посети (+10 посетители) цената на билетот изнесува 120 денари. Учеството на работилниците е бесплатно.

 

Tags: интернационален детски фестивалтеатар на сенкифестивал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ