• Latest
Добро утро со Орданоски

Татко на (подолг) службен пат

December 26, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Татко на (подолг) службен пат

December 26, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]екој деновиве спомна дека бегството на Груевски од Македонија има и една друга, приватна опачина, која не е исклучено да влијае врз неговите понатамошни одлуки за тоа дали и кога би се вратил во Македонија. Се работи, имено, за правната (не)можност на најпознатиот македонски политички азилант во странство во догледна иднина да се види со своето семејство, односно со своите две деца.

Како што е познато, по разводот од претходниот брак, во 2007 година Груевски се ожени со неговата сегашна сопруга Боркица (моминско презиме Манчева), со која имаат две ќерки. Нема јавен податок колку години му се стари денеска ќеркичките, но памтиме дека пред неколку години некои медиуми ги отворија вечерните ТВ дневници со веста дека постарата ќерка се беше запишала во прво одделение во некое од скопските основни училишта. Впрочем, се разбира дека не е никаков проблем во некој од скопските фризерски салони веднаш да ја дознаете не само возраста на децата, туку и кои песнички ги пеат секој вторник попладне, но не е во тоа поентата. Работната претпоставка е дека и двете дечиња се под десетгодишна возраст.

Зошто е ова битно за оваа бегалска сторија?

Па, според македонските прописи за патување на малолетни лица во странство важи следново упатство од МВР (кое сите ние што имаме деца добро го знаеме):

  1. Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.
    2. Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател, потребно е да има одобрение за неговото патување кое се издава врз основа на писмената согласност од родителите односно старателот, дадена во надлежните сектори – одделенија за Внатрешни работи, со приложување на увид – извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари.

Ова значи дека, доколку г-ѓа Боркица, за која не е јасно дали била консултирана при бегството од законот на г-дин Никола од Македонија, реши дека не сака да патува до Будимпешта да се види со својот сопруг, нема друг начин како Груевски да се состане со своите деца во наредните 4-5 години, бидејќи за тие сами да ја напуштат државата е потребна согласност (и присуство за легитимирање и потпис) на двајцата родители во Одделот за граѓански работи во МВР, во зградата на МРТВ во Скопје.

А, знаеме, г-динот Груевски е спречен да го појави своето присуство, заради наглото решение за сопствено отсуство.

Има, додуша, можност, пропишана во чл. 28 од Законот за заштита на деца, која го дефинира правното значење за тоа што се смета за семејство, каде во ставот 2 се вели дека „по исклучок од ставот (1) на овој член за член на семејство не се сметаат лицата на кои државата им обезбедила целосно бесплатно издржување, кои престојуваат најмалку шест месеци во странство или се наоѓаат на издржување на казна затвор“, но Груевски, во моментов, е во колизија со сите три причини поради кои би можел да се прогласи за оправдано отсутен, за да не мора да се бара неговиот потпис за патување на децата: ем одби државата да му обезбеди „целосно бесплатно издржување“, ем илегално (ќе) престојува најмалку шест месеци во странство, а сето тоа бидејќи, имено, не е на издржување на казна затвор…

Од елементарна пристојност за заштита на приватноста на бракот на семејството Груевски (а, пред сè, на малолетните деца) нема да навлегуваме во семожните скопски малограѓански озборувања кои ги следат сите наши функционални, полураспаднати или распаднати бракови, но од правна гледна точка (емоциите на страна) за тоа дали и кога Груевски ќе има следна семејна средба (и кога потоа, повторно?) со своето потесно семејство, клучот е во рацете на г-ѓа Боркица.

Веројатно не би помогнало ни тоа Орбан да им подари унгарско државјанство, иако и со транспортот и со азилот што му го овозможи на Груевски унгарскиот „Виктатор“ веќе помина низ сериозни домашни и меѓународни политички непријаности.

Не е прв пат да кажам: тешка е таа бегалска судбина, особено кога е кукавичка. За некои работи не помагаат ни многу пари, ни хотели со шест ѕвездички…

Можеби враќањето е, сепак, подобра опција?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share305TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ