Categories

АНКАРА Чавушоглу: Односите меѓу Турција и САД можат да бидат уште полоши ако САД не ги поправат грешките

Односите меѓу Турција и САД може да се влошат уште повеќе доколку Вашингтон не ги поправи своите грешки, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.


„Трамп совршено јасно изјави за прекин на испораките на оружје за единиците на сириските курдски Сили за заштита на народот (СЗН). Покрај тоа, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис даде изјава со која ги потврди зборовите на Трамп“, истакна Чавушоглу.

Според него, тоа е главното прашање што има негативно влијание врз  односите на Турција со САД.

„Ако не ги поправат грешките направени во оваа област, нашиот однос може да се влоши уште повеќе“, посочи турскиот министер за надворешни работи.

Во ноември Чавушоглу соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп, за време на телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, ветил дека САД ќе ја прекинат испораките на оружје за СЗН.

Според Анкара, СЗН е поврзана со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). 

извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email