Неколку стотини членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ веќе два часа протестираат пред објектот на охридската полиција, затоа што голем број локални функционери на партијата се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство, во врска со финансирање на партијата за време на изборите во 2014-та година.
Како што ни пишува граѓанскиот новинаркој ги испрати и фотографиите, незадоволните партиски членови, меѓу нив, и вработени во јавниот сектор, мирно протестираат, а дел од нив носат транспаренти: „Каде ви е Заев?“, „СЈО е еднакво на Сорос“… Протестот се одвива со полициско обезбедување.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска, според најавите, ќе одржи вонреден состанок за актуелните случувања. ЦИВИЛ Медиа се обиде да го контактира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, но тој не одговори на повиците и пораките.