• Latest

Телефонски разговор Ковачевски – Мишел: Натамошна силна поддршка од ЕУ за Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите

April 25, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Телефонски разговор Ковачевски – Мишел: Натамошна силна поддршка од ЕУ за Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите

April 25, 2023 17:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На разговорот присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски и Мишел разговараа за актуелната ситуација во регионот, продолжувањето на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија и спроведувањето на потребните реформи. Во тој контекст, Ковачевски му се заблагодари на Мишел за неговата силна досегашна поддршка на пристапниот пат на нашата земја.

Притоа, ја истакна решителноста на Владата да работи на отворање на првиот кластер од преговорите до крајот на годинава и го запозна претседателот на Европскиот совет со подготвителните активности и формирањето на експертската работна група во Министерството за правда задолжена за подготовка на уставните измени.

Ковачевски изрази надеж дека сите политички фактори во земјата кои ја поддржуваат европската интеграција ќе бидат на висина на нивната одговорност и должност кон граѓаните и ќе придонесат во обезбедување европска иднина за земјата.

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја нагласи поддршката на Европската унија кон Северна Македонија на евроинтеграцискиот пат и изрази задоволство од досегашниот одличен тек на скрининг процесот.

Тој ги поздрави активностите на Владата во доменот на спроведување на европската агенда и укажа на важноста на реализација на следните чекори, за кои земјата ја има силната поддршка на ЕУ.

Во име на ЕУ, Мишел уште еднаш упати благодарност до премиерот Ковачевски за одржаниот состанок во Охрид од дијалогот меѓу Србија и Косово.

Tags: ЕУКовачевскиМакедонијаМишелподдршкателефонски разговор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ