• Latest

Тепачка при лепење изборни плакати, уништување на изборен материјал, пукање со огнено оружје, политичка злоупотреба на деца

September 30, 2021
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Тепачка при лепење изборни плакати, уништување на изборен материјал, пукање со огнено оружје, политичка злоупотреба на деца

September 30, 2021 17:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Четврти ден од изборната кампања, а веќе има низа на инциденти. Тепачки при лепење изборни плакати, уништување на изборен материјал, пукање со огнено оружје на партиски средби, продолжува злоупотребата на деца за политичка кампања, на митинзите грубо кршење на мерките против Ковид-19…

ЗЛОУПОТРЕБА НА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

На отворањето на партиски штаб на ДУИ во Чаир, се бележи пукање од огнено оружје, на 28 септември во присуство на високи партиски функционери.

Од Алијанса за Албанците денеска истакнаа дека се соочуваат со противници кои што не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори, но дека ова се нивните последни клоци.

„Почнувајќи од првите три дена на предизборната кампања, актуелниот режим со оружје и вандализам има намера да ја наштети предизборната кампања. Првично во Чаир, а деновиве и во Желино, отварањата на комуналните  штабови на ДУИ се придружени со пукања додека се гледаат и високи функционери како ракоплескаат и како ги поддржуваат овие дела.  Освен пратениците и останатите функционери, за време на последниот инцидент во Желино присутен беше и Заменик министерот за правда, Агим Нухиу. Овие се последните обиди на коњот пред умирање, дела на партии кои губат. И во минатото сме виделе партии кои направиле вакви дела и денеска се борат за да преживеат“, велат од Алијанса.

Премиерот Зоран Заев, истакна дека Министерството за внатрешни работи постапува по случајот каде на отворање на изборен штаб на ДУИ во Чаир, било пукано во воздух од огнено оружје.

„Без разлика за кого се работи ова е недозволиво. Не знам која била намерата, ако некој мисли дека така привлекува гласови се лаже. Тоа одвраќа гласови. Демонстрацијата на сила, мускули и не знам што, па и пукање во воздух е навистина недолично за земја аспирант за членство во ЕУ и на крај не е прагматично добро. Јас јавно му кажав и на министерот за внатрешни работи да се постапува по сите случаи, не ме интересира кој е, секој да си одговара, поради тоа што ова не смее да се повтори, изјави премиерот Заев.

ЦИВИЛ упатува категорично барање од политичките партии да им укажат на своите членови и поддржувачи да не посегнуваат кон злоупотреба на оружјето. ЦИВИЛ бара од релевантните институции остро да реагираат и да ги санкционираат одговорните на овој случај.

БЕСА НАЈАВУВА ДЕКА ВО ТЕТОВО ЌЕ ИМА ВОДА 24 ЧАСА 

Претседателот на Движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, ги презентира 16 капитални проекти преку кои ќе го трансформира Тетово.

1. Основни училишта со една смена, изградба на нови училишни капацитети во градот и во висорамните села. Место во градинка за секое дете од предучилишна возраст 2. Сите училишта ќе бидат опремени со електронски табли за секое оделение, проектори за секое оделение, реставрација на спортски терени, снабдување со кабинети со потребните алатки. 3. Изградба на нова дистрибутивна мрежа за вода. Ќе има 24 часа вода за пиење. 4. Изградба на нова канализациона и атмосферска мрежа. 5. Структурирање на јавни претпријатија кои имаат финансиски проблеми. Ново структурирање на JКП. 6. Конечно решение со јавен превоз 7. Тетовските висорамнини села ќе ги претвориме во туристички и културни центри. 8. Развој на економските зони на Тетово. 9. Основање канцеларија за деловен инкубатор 10. Изградба на 4 затворени базени. 11. Ревизија и проширување на Урбанистичкиот план. 12. Изградба на спортски игралишта во Тетовските висорамнини населени места. 13. Изградба и поправка на патна инфраструктура. 14. Изградба на паркинзи во централното подрачје. 15. Формирање општинска полиција. 16. Изградба на фабрика за рециклирање отпад.

ГРАД СКОПЈЕ

Независната кандидатка на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, вели дека ќе го направи Скопје без заборавени населби.

„Градот ќе изгради нова и посебна програма за сите заборавени населби. Волково, Арнакија, Даме Груев, Маџари, Топаана, Припор, Шуто Оризари, Горно Нерези, Долно Лисиче, Глумово, Свиларе, Шишево, Идризово, Љубанци и Љуботен, Синѓелиќ, Кондово, Кучково и многу други наши скопски населби ќе бидат еден од врвните приоритети во мојот мандат. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје“, вели Арсовска.

Носителот на листа на кандидати на ДУИ за Советот на град Скопје, Ардијан Муча истакна дека зеленилото во градот ќе продолжи како и досега.

„Во следниот мандат, развојните планови на Скопје, главно на Чаир, Бутел, Сарај и Шуто Оризари, се бројни и во согласност со стремежот да се направи подобро и повеќе за Скопје. Планираме да го прошириме патот „Цветан Димов“, претворајќи го во булевар со 6 ленти, ќе го поврземе модерниот мост Визбегово со булеварот „Словенија“, а Лубетен ќе има нова мрежа фекална канализација. Зеленилото на градот ќе продолжи во секоја населба, како и досега“, истакна Ардијан Муча, носител на листата на кандидати на ДУИ за Советот на град Скопје.

Актуелниот градоначалник и претендент за повторен мандат Петре Шилегов, изврши увид во градежните активности на мостот во скопски Аеродром. Изградбата на мостот е при самиот крај, Шилегов најавува дека за 30тина дена веќе ќе биде на располагање за скопјани.

„Ова претставува и нов коридор кој овозможува голем развој на еден дел кој беше сериозно запоставен во нашиот град тоа е Керамидница. Градот ја добива своја можност за развој. Ова е првиот од двата моста. Во Скопје за прв пат по неколку децении се градат два моста истовремено. Овој кој го завршуваме и вториот на другата страна од градот во Карпош 4. Скопје и скопјани знаат да препознаат што е вистински развој на нашиот град, што е тоа што му е неопходно. Ова најдоброто што може да му се случува на Скопје.“ изјави Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР

„Шанса за Центар“ ќе се залага и за систематска грижа и дополнување на зеленилото во населбата и за конечно бришење на идејата улицата Крушевска Република да стане булевар зошто сметаме дека со неговата изградба би се уништила населбата како и значаен дел од Ново Маало.

ИЗБОРНИ ИНЦИДЕНТИ

Пратеникот и претседател на партијата ДПА, Мендух Тачи синоќа од полицијата бил легитимиран како вози автомобил, во кој се превезувале лица осомничени дека оштетиле изборен рекламен материјал на неколку локации во Тетово, пишува Порталб.мк.

Од МВР за Порталб.мк го потврдуваат случајот. Додека од Демократаската Партија на Албанците, на својот официјален Фејсбук профил демантираат дека Тачи е вмешан во чинот.

Полицијата во Градско приведе маж кој вчера нападнал свој сожител додека лепел изборен плакат. СВР Велес ќе изготви соодветна пријава.

„Во полициската канцеларија Градско претпладнево на службен разговор бил повикан 33 годишниот П.А. од Градско затоа што синоќа во 19.00 часот на улицата ‘Александар Македонски’ во Градско физички го нападнал 31 годишниот Д.С. од Градско, кој лепел плакати од кандидат за градоначалник“, информираат од СВР Велес.

ПОЛИТИЧКА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА

Во изминатиот период од шест недели, мониторингот на ЦИВИЛ обработи шест случаи на политичка злоупотреба на деца од политички партии, односно од кандидати. Предничи Демократската унија за интеграција која е застапена со четири случаи, а по еден случај на злоупотреба се бележи кај ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Алијансата за Албанците.

  • Ахмети и Бејта со злоупотреба на деца во изборна кампања
  • Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода со злоупотреба на деца во изборна кампања
  • Злоупотреба на деца и државни ресурси во (пред)изборна кампања
  • И Мерко со злоупотреба на деца за политичка кампања

СДСМ

Караванот на СДСМ и коалицијата „НајдобротоЗаМојата Општина“ денеска се во општините Валандово, Дојран, Богданци, Гевгелија, Центар, Крива Паланка односно Ранковце, Кратово, Битола и Карпош.

ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Создади нова иднина“ вечерва ќе бидат во Чешиново – Облешево, Виница, Зрновце и Кочани.

ДУИ денеска ќе одржи средби со граѓани во општините Бутел и Шуто Оризари на кои ќе ги презентира листите на кандидати за советници и изборни програми.

НАБЉУДУВАМЕ ЗАЕДНО

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат нерегуларности, корупција, притисоци и закани, дезинформации, говор на омраза, злоупотреба на деца, дискриминација или друг вид нарушувања или кршење на човековите права и слободи.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ