Актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ за Струга, Рамиз Мерко со злоупотреба на деца за политичка изборна кампања.
„Денес го завршивме денот со средба со жителите на Добовјани, каде што го отворивме и штабот на Демократската унија за интеграција. Жителите на Добовјани се исклучително ентузијасти за иднината и тврдат дека усогласувањето со Зелената агенда е најдобрата опција за иднината. Избери живот, гласај зелено! Заокружи број 3!“, гласи пораката на Мерко објавена на неговата Фејсбук страната.


Според Член 12 став 4 од Закон за заштита на децата:
„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“.
ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии!













































