• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Тие ли ни го бранат идентитетот. Тие ли. Истите ли тие!

June 27, 2023

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тие ли ни го бранат идентитетот. Тие ли. Истите ли тие!

И денес, и во овој актуелен македонски интегративен миг, разни антимакедонски структури, секакви живковистички рецидиви во Софија, си тријат раце. Едвај чекаат уставните промени да не се случат. Рамката преговарачка да доживее фијаско. Македонија да не почне да отвора ЕУ поглавја, да остане надвор од европските структури и Македонците, пак, да не`развлекуваат низ правливите архиви на бугарските фалсификаторски институти.

June 27, 2023 11:03
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Да работиш против уставните измени практично против впишување на дел од бугарскиот народ во македонскиот устав значи директно да се ставиш во позиција на децениската негаторска Софија и сакал, не сакал, свесно, несвесно, да работиш за бугарската антимакедонска политика.

Само четири, пет појаснувања:

Прво, секако на водството на ВМРО-ДПМНЕ му се јасни мотивите за сопствените постапки со блокирањето на уставните промени. Доколку пак некому оттаму сепак не му е јасно, нека под погледне кај основачот на нивната партија, кај експремиерот по чија идеолошка платформа и политичка програма сечеа вени. Тој може, а и јавно им се понуди, со часови да им држи курсеви за историската љубов на актуелните вмровци спрема мајката им Софија.

Второ, околу рамката. Онаа француска, попрецизно бриселска или европска, онаа истата што врвот на ВМРО-ДПМНЕ замаглувајќи ја темата која на земјава и нуди ЕУ перспектива, ја нарекува бугарска. Истата онаа рамка, договор што го палеа во собранието и поради која со зузувелите громогласно, вулгарно и крајно невоспитано ја бркаа претседателката на ЕК од македонското Собрание само со цел да се блокираат уставните промени, да не почнат интеграциите.

Трето, фокусот. Пропагандната, безочната антимакедонска машинерија на ВМРО-ДПМНЕ на македонската јавност, на македонските граѓани, посебно на Македонците, успеа како примарно да им го всади убедувањето дека темата за уставните промени не се уставните промени туку дека тие се за вгнездување на Бугарите во македонскиот устав. А всушност, Бугарите во уставот се само онаа нужна секундарна рамковна алатка која на Македонија и го овозможува примарното, вистинското започнување на македонските евроинтеграции.

Четврто, за рамката таа француска, европска, бугарска, … и пак таа иста партиска пропагандна машина за правење магла и за сеење страв. Ноторна лага е дека ова водство, а и било кое претходно или било кое идно, ќе успее да ја промени преговарачката рамка. Никој ниту запирка ќе може таму да промени. Така прав фрлаа и за Преспанскиот па замолкнаа. Така и сега. Кој од врвот на ВМРО-ДПМНЕ верува во нивното сопствено барање уставните промени да важеле откако државата ќе стане полноправна членка на ЕУ. Па тие за тоа не добиваат поддршка ниту кај своите десни странски партиски партнери од кои повеќето се актуелна власт во своите држави. Ниту пак водството на партијата открива со која ли и со каква дипломатска моќ на оваа тема на бриселската маса повторно ќе ги седнат 27-те земји потписнички на рамката во која се вградени одредбите меѓу кој и таа за Бугарите во уставот како услов за одржување на втората владина седница со ЕУ и за отворање на првото преговарачко поглавје.

Петто, главниот пропаганден памфлет на ВМРО-ДПМНЕ се, нели, заштита на македонскиот идентитет и на македонството од идентитетскиот диктат на бугарството и, нели, заштита на македонизацијата од бугаризација. И сега, пазете, кој тоа без срам и перде ни го штити идентитетот и тоа токму од нашите источни соседи.

Па, истите тие бугараши и нивните сегашни следбеници кои го исмејуваа темелникот на современиот македонски идентитет, академик Блаже Конески.

Истите тие кои денес се мајтапат со првиот македонски поет Коста Солев Рацин, кој македонската култура токму преку неговиот и наш изворен народен македонски јазик ги напиша своите легендарни „Тутуноберачите“ и „Ленка“ и кој замина на антифашистичкиот фронт кој ни ја создаде матичната држава и за нас Македонците и за овие сега негови идентитетски негатори.

Истите тие поранешни и актуелни политичари на ВМРО-ДПМНЕ на кои бугарските власти на бандерите во тамошните градови, гратчиња и села, им ги закачија кодовите на нивните патриотически б`лгарски паспорти.

Истите тие чувари на македонскиот идентитет кои пропагираа симбиозни бугарски процеси за македонскиот идентитет. Истите тие кои беа, некои уште се, народни пратеници во македонското собрание. Истите тие кои беа, некои уште се, на високи државни позиции, а кои отворено пропагираа и пропагираат бугарски македонски корени. Истите тие кои, нели големи антички патриоти, потклекнаа пред јужниот сосед па му го обезимија грандиозниот споменик во центарот на метрополата. Истите тие креатори на поделби на македонскиот народ кои од националните државни празници си прават приватни партиски журки.

Истите тие фиромани кои повикуваа на бојкот на референдумот за Преспанскиот кој беше референдум за НАТО и ЕУ и кој, ако власта се исплашеше и ако анти-кампањата целосно им успееше, сега ќе бевме надвор од Алијансата.

Истите тие, нели патриоти, кои го бојкотираа и кои повикуваа на бојкот на пописот овде и кај Македонците во дијаспората па сега оттаму кукаат дека не биле толку малку колку што се евидентирани и колку што би биле доколку би се одѕвале на пописот.

Истите тие кои, гледано и наназад, беа против Македонија во ООН поради референцата ФИРОМ, кои беа против Рамковниот, кои беа против локалната, против … , а притоа и беа и се и без било каква поинаква и реално остварлива идеја што на државата Македонија ќе и`трасира побезбеден, поперспективен и попросперитетен пат.

И денес, и во овој актуелен македонски интегративен миг, разни антимакедонски структури, секакви живковистички рецидиви во Софија, си тријат раце. Едвај чекаат уставните промени да не се случат. Рамката преговарачка да доживее фијаско. Македонија да не почне да отвора ЕУ поглавја, да остане надвор од европските структури и Македонците пак да не`развлекуваат низ правливите архиви на бугарските фалсификаторски институти.

Па, тие ли ни го бранат идентитетот. Тие ли. Истите ли тие!!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Civil Media
Tags: блокадиВМРО-ДПМНЕидентитетуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ