• Latest

Топ сатири во 2024: Становите на Дафина; ослободувањето на Мијалков; хаосот со вадењето на лични документи; националните кординатори

January 7, 2025

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Топ сатири во 2024: Становите на Дафина; ослободувањето на Мијалков; хаосот со вадењето на лични документи; националните кординатори

January 7, 2025 10:46
in САТИРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Одредени вести и информации едноставно можеме да ги објавиме во рубриката САТИРА. Преку сатирата, се обидуваме да ги покажеме проблематични аспекти во нашата земја на забавен и остар начин, но истовремено да предизвикаат свест за сериозноста на тие проблеми.

Во продолжение објавуваме ТОП сатири во изминатата 2024 година.

Хаосот со вадење на нови документи е всушност стратегија за граѓаните да не избегаат од државата!

Турканици, нервози, пцуење, колнење, запознавање, шмекање… се на едно место пред пунктовите за издавадење на нови лични документи со придавката Северна. Наши извори од МВР, кои сакаат да останат анонимни, велат дека оваа навидум хаотична ситуација со вадењето на нови лични карти и пасоши, всушност е ПР стратегија за граѓаните да не се отселат од државата.

„Имаме дојава дека оваа година е клучна, односно, ако не направиме нешто да ги задржиме граѓаните во нашата земја, особено младите, дека по изборите ќе ни се отселат од државата. Затоа решивме да создадеме т.н. контролиран хаос, за младите да можат да останат тука да работат, да творат, да се развиваат, да се размножуваат…“.

Бате Саше од денес е слободно и невработено лице, „не знам како ќе функционираме без возач“ – вели директорот на затворот

Од денеска бате Саше е слободно и невработено лице. Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, утрово, се одјавил од струшкиот затвор, каде што издржуваше казна за случајот „Империја“.

„Нù замина најдобриот и најпримерниот работник, нашиот возач кој нагалено го викавме „транспортер“. Го почитуваше куќниот ред, беше добар пример и за другите осуденици, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средување на паркот. Сите се навикнавме на него, просто не знам како ќе функционира затворот без него“, вели за Сатира, директорот на казнено-поправниот дом.

Се бара национален координатор за борба против комарци

Годинава комарците буквално ни ја исцицаа крвта, чиниш се некои потомци на Дракула. Неспособноста на мајката на Градот да се избори со овие мали крвопијци ја натера Владата да креира работна позиција Национален координатор за борба против комарците.

„Злите јазици ќе кажат ‘еве смислиле уште едно небитно работно место само за да ухлебат уште некој џаболебар’. Но, вистината е дека ние се грижиме за здравјето на народот. Па не може човек да излезе на тераса, да шета во парк, да отиде во викендица да седи на раат, комарците ќе го отечат. Башка тие што се алергични. Затоа оваа Влада е одлучна да им застане на патот и да се избори со овие мали чудовишта“, вели анонимен извор за рубриката Сатира.

Дафина: Не сум богаташка, шест стана – богатство ли е?

Скромниот левичар, пратеникот Димитар Апасиев кој од точак се качил на џип, ја нарече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска – „почитувана богаташе од гостиварско со 6 стана и една викендица“.

На ваквите обвинувања пратеничката од гостиварско (која и покрај неколкуте стана во Скопје, сепак лапа патни трошоци), одговори дека не може „наркомани да и се обраќаат со почитувана богаташке, бидејќи точно знае од каде и се становите, додавајќи „моите шест стана имаат уредно имотно потекло“.

„Не може да ме нарекува богаташке, уште и почитувана, кога знам дека не ме почитува. Денес секој може да биде богаташ(ка) како мене, па 6 стана – богатство ли се? Богаташка ќе бидам ако поседувам јахта, приватен авион, хелихоптер или ако имам приватен остров, како на пример тој милионерот од Дубаи што и купи цел остров на жена му за да може да се сунча во бикини“, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ ексклузивно за рубриката САТИРА.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ