Ние сме невладина и непрофитна организација, на доброволна основа се со цел да помогнеме во опстојувањето и развојот на пчеларството. А пчелата, мислам дека сите треба да знаат колку ние важна во самото опстојување на растителниот и животинскиот свет, како и во консумирањето на здрава храна, истакна Менде Трајковски, Совет на пчеларско здружение Македонија.
Ние токму во тој правец постоиме, работиме, лобираме, застапуваме како организација. Но, не можам да се пофалам дека секогаш наидуваме на отворени врати во соодветните институции. Но ние никогаш не се откажуваме, ние сме активни и работливи, веројатно имаме попримено од пчелите, а тие никогаш не се откажуваат, па нема ни ние.
Ние како сојузи на пчеларски здруженија, на ниво на Балкан комуницираме, контактираме. На тоа поле голема битка биеме за да се избориме за оној мед со сомнителен квалитет, кој го има на цел Балкан и кај нас.
Тоа е за нас е не лојална конкуренција и голема штета затоа што сепак граѓаните не користат права здрава храна и даваат доста финансиски средства како да е тоа со добар квалитет. Сето тоа го работиме за да придонесеме кон некои подобри услови. Да не се доведеме до тоа ниво да се организираме на некакви протести па после тоа да биде слушнат нашиот глас. Мислам дека соодветните министерства не смеат да се доведат до тоа ниво.