Претседателот на САД, Доналд Трамп ја тужеше Би-Би-Си во понеделникот за клевета поради уредени видеа од негов говор од кои се доби впечаток дека тој им наложил на поддржувачите да го нападнат американскиот Капитол, отворајќи меѓународен фронт во неговата борба против медиумското известување кое го смета за невистинито или неправедно, пренесува Си-ен-ен.
Тој бара 5 милијарди долари отштета за секое од двете точки од тужбата.
Трамп го обвини британскиот јавен радиодифузер дека го маклеветил со спојување делови од говорот од 6 јануари 2021 година, вклучувајќи еден дел каде што им кажа на поддржувачите да маршираат кон Капитол и друг каде што рече „борете се како пекол“. Беше испуштен делот во кој тој повика на мирен протест.
Би-Би-Си му се извини на Трамп, призна грешка во проценката и призна дека уредувањето оставило погрешен впечаток дека тој упатил директен повик за насилна акција. Но, рече дека нема законска основа за тужба.
М. Д.
















































