За време на неговото патување на Блискиот Исток, американскиот претседател Доналд Трамп одржа историски состанок со привремениот лидер на Сирија, претседателот Ахмед ал-Шара, од кого очигледно беше воодушевен, и го нарече „млад, привлечен, жилав човек“ со „многу силно минато“, иако претходно, како борец на Ал Каеда, за неговата глава САД распишаа награда од 10 милиони долари, што предизвика силни реакции на социјалните мрежи.
НОВО: Трамп штотуку го нарече новиот сириски претседател „млад, привлечен, жилав човек“ со „многу силно минато“. Тоа минато УБИВАШЕ американски војници, цивили, жени и деца. Тој беше во Ал Каеда. Објавивме награда од 10 милиони долари за неговата глава. ОСТАВЕТЕ ГО ТОА ДА ПОТОНЕ, објави на Фејсбук U.S. Democratic Socialists, најголемата демократска социјалистичка организација на социјалните медиуми.
Во коментари на постот, еден корисник праша: Кој ја укина награда за неговата глава?
Д. Мишев