• Latest

(ТРЕЈЛЕР) Цивил ве води „зад димната завеса“ – граѓанска и медиумска акција против дезинформациите и пропагандата

June 29, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

(ТРЕЈЛЕР) Цивил ве води „зад димната завеса“ – граѓанска и медиумска акција против дезинформациите и пропагандата

June 29, 2022 09:50
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ПРОПАГАНДА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ве води „Зад димната завеса“, ги обелоденува фактите и ги разобличува дезинформациите и пропагандата. Ова видео е новиот трејлер што ги најавува и придружува видео содржините што ги продуцира тимот на ЦИВИЛ во напорите да ги ублажи последиците од интензивните дезинформативни и пропагандни операции во Северна Македонија.

Вака гласи најавата на ЈуТуб каналот на ЦИВИЛ за серијата настани и видео прилози под заеднички назив „Зад димната завеса“. 

Секој ден, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ подготвува извештај за дезинформациите и пропагандата чија мета се демократските институции, граѓанското општество, медиумите и прогресивните групи и поединци во нашата земја и пошироко. Со трејлерот објавен на медиумската платформа која секојдневно е извор на релевантни информации, вести, анализи и ставови, јавноста се потсетува дека организацијата продолжува со своите заложби да помогне во справувањето со дезинформациите и пропагандата. Цивил Медиа обединува повеќе интернет портали на македонски, албански и англиски јазик, а освен за продукција на вести и анализи, таа претставува и своевидна платформа за општествен и политички дијалог и граѓанска едукација.

„Зад димната завеса“ е проект за медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата што го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.

Критичните процеси за земјата и нејзините стратешки интереси се мета на долготрајна пропаганда од истите меѓусебно поврзани центри. Пропагандните центри имаат една заедничка цел – поткопување на владеењето на правото, демократијата, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Затоа, ЦИВИЛ континуирано презема сеопфатни активности да се спротивстави на тие тенденции. Активностите во проектот вклучуваат специфична комбинација од продукција на вести и објавување ставови, проверка на факти и обелоденување на дезинформациите и пропагандата.

Проектот подразбира секојдневно објавување на релевантни вести, анализи и ставови, неделни јавни настани и презентации, соработка со релевантни граѓански организации, директна комуникација со граѓанките и граѓаните, соработка со локалните медиуми и со други засегнати страни.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ