• Latest

Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги и сервиси ја обележаа 2022 година

January 31, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги и сервиси ја обележаа 2022 година

January 31, 2023 11:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатирише  за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална плата и пензиите, воспоставување на социјалните услуги и сервиси и обезбедување на нивна одржливост.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  се осврна на она што ја одбележа 2022 година, кои се плановите за 2023 година и  кои се клучните промени од кои директна придобивка имаат граѓаните. Таа зборуваше за имплементацијата на законското решение недела-ден на неделен одмор, кое ги унапредува работничките права, измените во законот за минимална плата, со кое минималната плата се дефинираше на 18.000 денари и новата методологија за усогласување на минималната плата, со која се обезбедува нејзин постојан раст.

„Ја усвоивме и новата методологија за усогласување на пензиите. Со цел да креираме системско решение кое ќе дава резултати на долг рок, два пати во годината во месеците септември и март пензиите ги усогласуваме со 50% трошоци на живот и 50% просечна плата. Изминатава 2022 година пензиите пораснаа за речиси 10 %. Во месец март очекуваме ново зголемување на пензиите.  За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%,“ истакна министерката Тренчевска.

Пензионерите како една од ранливите категории, беа  вклучени  и во финансиската поддршка во време на економско- енергетска криза. Покрај паричната помош од 3000 денари, за околу 330.000 пензионери, пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од последниот пакет антикризни мерки.

„Ги мапиравме најранливите категории на граѓани во моментот. Со Законот за финансиска поддршка ги опфативме корисниците на права од социјална и детска заштита односно корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители  кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на надоместок за  телесно оштетување и стечајните работници. Оваа помош е предвидена за четири месеци,“ посочи Тренчевска.

Претходно сите приматели на Гарантирана минимална помош добија финансиска поддршка од 3000 денари, за месеците март, април и мај, а тоа се околу 38.000 наши граѓани кои живеат во социјален ризик. Исто така, помош од 1000 денари, како надоместок за покривање на дел од трошоците за енергенси, во време на грејна сезона од октомври до март добиваат корисниците на Гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност. Тоа се над 46.000 домаќинства на месечно ниво.

„Ja зголемивме висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници! Дополнително, во месец јануари се прави усогласување на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот. Корисниците на правата со исплата за месец јануари ќе добијат за 14.2 % повисоки исплати на правата чии корисници се. А за корисниците на посебниот додаток тоа е зголемување на правото за речиси 30%,“ потенцираше Тренчевска.

Министерката зборуваше и за воспоставувањето на социјалните услуги на локално ниво и нивна одржливост.

„Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги подржан од Светска банка, досега се доделени грантови за 34 проекти кои се спроведуваат во 41 општина. Она што беше важно, е да се обезбеди нивна одржливост, односно услугите и после поддршката преку Проектот да продолжат со испорака кон граѓаните. За таа цел МТСП, склучува  управни договори за финансирање на услугите и има над 20 склучени управни договори,“ истакна Тренчевска.

Министерката зборуваше и за деинституционализацијата -процес кој успешно се спроведува во нашата држава. Како дел од овој процес е и воспоставувањето  на нови станбени единици за живеење со поддршка. Само изминатава 2022 година, отворени се 16 станбени единици за живеење со поддршка за 80 корисници.

Потпишан е Договор за изведба со кој ќе се спроведе трансформација и адаптација на Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје (кои досега обезбедува резиденцијални услуги) во модерен рехабилитациски сервис и кој ќе обезбедува најразлични видови на индивидуализирани услуги за децата со попреченост, за кои се обезбедени средства од 1,4 милиони евра од ИПА 2019 – ЕУ. Дополнително и министерството одвојува средства за оваа намена.

„Отворени се центри за згрижување на жртви од семејно насилство во сите плански региони. Обезбедуваме сместување и психосоцијална поддршка на жртвата. Но, нашата работа нема да биде целосна доколку работиме само со жртвите. Затоа имаме воспоставено и советувалишта за работа со сторителите на насилство, преку Центрите за социјална работа и граѓанските организации,“ посочи Тренчевска.

Tags: Година на нови можностиЈованка Тренчевскапензуусоцијална правда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ