• Latest

Тројно ќе се зголеми социјалната помош

September 18, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тројно ќе се зголеми социјалната помош

September 18, 2018 14:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Трипати поголема социјална помош, како гарантиран минимален приход, за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток, предвидува реформата на социјалниот систем што треба да почне да се применува од 1 јануари наредната година. 

Согласно измените што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски, четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари.

– За повеќе од 70 отсто на корисниците на социјална помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Започнуваме темелни реформи во ситемот на социјална и детска заштита. Се зголемува социјална парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да се усогласи паричниот надоместок што го дава државата со потребите на граѓшаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштија, рече Заев.

Тој додаде дека се олеснува и пристапот на детскиот додаток и се зголемува сумата. Се воведуват и нови додатоци за поддршка на деца од семејства во системот на социјална заштита и од семејства со ниски примања.

– Секое дете ни е поеднакво важно. Ако ја осигураме нивната иднина ќе ја осигураме и иднината на Република Македонија, рече премиерот Заев.

Со олеснувањето на пристапот до детскиот додаток, ова право ќе можат да го остварат 73.500 деца, за разлика од сега кога детски додаток примаат 3.200 деца, а додатокот за образование ќе им биде достапен на 64.316 деца за разлика од сега кога го добиваат 3.800.

Министерката Царовска смета дека најважно за секоја држава е да инвестира во човечкиот потенцијал бидејќи, како што рече, единствено инвестирањето во луѓето може да одржи една нација.

– Токму тоа го правиме. Пренасочуваме средства кон граѓаните кои се во ризик, но треба да ги извлечеме преку нивно ангажирање на пазарот на труд, а на нивните деца да им дадеме шанса за образование и еднаков старт како сите останати деца од семејства со повисоки примања, рече Царовска.

Не смета дека зголемувањето на социјалната парична помош, или т.н. гарантиран минимален приход, може да ги деактивира лицата од пазарот на труд, со оглед на тоа што сега минималната плата е околу 12.000 илјади денари, затоа што сега со реформата се овозможува семејство во кое има приходи од само една таква плата да добива и детски додаток и додаток за образование, со што вкупно ќе има околу  5.000 денари поголеми примања отколку оние со минимален гарантиран приход.

Како заштитна мерка планирано е и доколку тие што ќе бидат прекфалификувани и доквалификувани согласно пазарот на труд два пати одбијат понудена работа да го изгуват правото на гарантиран минимален приход.

– Ќе се работи и на нивна прекфалификација и докфалификација за да може преку оперативаен план да бидат вратени на пазарот на трудот. По преквалификација и доквалификација ќе им бид понудена работа и ако двапати ја одбијат помошта ќе им биде скратена, рече Царовска.

Премиерот Заев дополни дека државата сака да издвои средства, но, како што рече, тие да одат кај луѓе на кои им е потребно.

Министерот за финансии Тевдовски појасни дека за спроведување на овие реформи за идната година се издвоени 2,2 милијарди денари.

Со зголемување на средствата, рече, сакаме да обезбедиме доволно за сиромашните граѓани и ќе бидеме сигурни дека нема да има гладни деца, од една страна, а од друга да се обезбеди можност тие да се извлечат од кругот на сиромаштија. (МИА)

Tags: Драган ТевдовскиМила Царовскасоцијална помош
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ