• Latest

Цените треба да поевтинат од 1 декември, на потег се производителите и маркетите

November 21, 2022

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Цените треба да поевтинат од 1 декември, на потег се производителите и маркетите

November 21, 2022 15:44
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Порастот на цените на енергенсите, суровините и репроматеријалите се одрази на производствените трошоци кај фирмите, а тоа пак ги направи поскапи производите за македонските граѓани. Владата ги ограничи маржите, но експертите посочуваат дека во секоја криза има профитери, а во моментов тоа се маркетите.

И последните статистички податоци за трошоците на земјоделското производство даваат појасна слика и за причините за зголемување на цените на храната и на инфлацијата во Македонија, која во октомври достигна околу 20 отсто.

За една година трошоците на земјоделците поскапеле за ист процент, што влијаело и земјоделците да ги зголемат цените на своите производи.

Државниот завод за статистика во октомври „измери“ раст на цените на мало за една година во просек од 15,4 отсто, но загрижувачки е што цените на основните прехранбени производи се повисоки за над 30 отсто! Најголемо поскапување има на лебот, 47,7 отсто, на млекото, сирењето и јајцата е 40,7 отсто. Маслото за јадење е поскапо за 40,3 отсто, месото за 28,6 проценти, зеленчукот поскапи за 22,4 отсто, а овошјето за само една година е поскапо за 15,5 отсто.

Македонската влада преку низа мерки се обидуваше да влијае на „контролата“ на нивото на раст на цените за храната, но се чини дека за дел од цените вината е и кај маркетите, кои неги почитуваат прописите и трупаат профити.

Различни цени на рафт и на каса

Различна цена на рафт и на каса и расипани производи, бидејќи не е запазен ладниот ланец, односно фрижидерите или се исклучени или работат на минимум. Ова се најчестите поплаки кои граѓаните ги поднеле во Организацијата на потрошувачи. Оттаму апелираат до трговците да бидат свесни и совесни, бидејќи во екот на енергетско економската криза, граѓаните внимаваат на секој денар.

За зачестената појава на расипани производи информирани се и инспекциските служби кои според Организацијата на потрошувачи, вршат поголем број контроли и утврдиле неправилност.

Од Организацијата на потрошувачи го поздравија чекорот на Владата за субвенционирање на цената на струјата која ќе ја плаќаат производителите на основните прехранбени продукти и се надеваат дека како што беше најавено цените ќе паднат за 10 отсто што ќе влијае врз семејниот Буџет. Доколку тоа не се случи бараат од Министерството за економија да ги замрзне крајните цени.

-Немаме доволно персонал и затоа цените се различни на рафт и на каса, не можеме да постигнеме да ги менуваме секој ден, а некогаш и менаџерите ги менуваат само во системот а ние не добиваме ниту известување. Можете да ги вратите производите на каса во секој случај. Фрижидерите пак не работат кај соковите поради мерките за штедење, додека пак за расипливите производи се вклучени, вели за ЦИВИЛ медиа вработена во скопски маркет.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека компаниите производители на основните прехранбени продукти ќе одат под капата на ЕСМ продажба и ќе добиваат струја по цена од околу 100 евра за мегават час што е двојно поевтино од онаа која е на отворениот пазар. Станува збор за компаниите кои произведуваат млеко и млечни производи, пекарско мелничката индустрија и компаниите кои се бават со производство на масло и масти, а дополнително се разгледува да се вклучат и компаниите од месната индустрија.

Пониски цени за 13 проценти

Лебот, млекото и месото ќе поевтинат до 13 проценти, рече министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со производителите и маркетите. Оптимизмот се должи на поевтината струја, обезбедена за прехранбените компании.

Иако производителите на прехранбени производи искажаа песимизам во однос на намалување на цените, Бектеши уверува дека некои цени веќе се намалени, а од декември, откако компаниите ќе ги потпишат договорите за премин на регулиран пазар на струја, ќе има нови поевтинувања. Ако не се случи тоа, им се закани со инспекции.

Вицепремиерот за економски политика ги повика Регулаторна и ЕВН Хоум да се позанимаваат со проблемот на некоректното префрлање на општини, локални претпријатија и приватни фирми од отворен на регулиран пазар, со што трошат струја која не е наменета за нив и го оптоваруваат системот. Од Регулаторна возвратија – ние бевме први кои предупредивме за ова.

– Регуларната комисија уште на почеток на годината беше прва институција која го детектираше манипулативното однесување на дел од компаниите кои од слободен се префрлаа на регулиран пазар и за истото навремено ги извести надлежните институции кои водат соодветни постапки.

Македонија влегува во една од најнеизвесните зими. Додека властите уверуваат дека состојбата е под контрола, познавачите на енергетските прилики се сомневаат колку дотраените и недоволни капацитети за производство на струја ќе го задоволат домашниот пазар, а тоа да не биде на грбот на економијата.

Кога ќе започне помошта за граѓаните?

Во следните четири месеци околу 200 илјади социјално ранливи категории граѓани ќе добијат финансиска поддршка за справување со енергетската криза. Законот е усвоен во Собранието и следните четири месеци финансиска помош од државата ќе добиваат лица кои користат право на попреченост, родители на лица со попреченост кои користат право на посебен додаток, самохраните родители кои примаат гарантирана минимална помош, како и стечајните работници.

Финансиска помош е обезбедена и за над 91.600 пензионери кои добиваат пензија до 11.525 денари, како и за над 66.000 пензионери кои добиваат пензија од 11.525 до 14.000 денари. Сите, пензионери, претходно оваа година добиваа три месеци по 1.000 денари финансиска помош, а годинава имаше и две покачувања вкупно од 10 отсто. Просечната пензија се зголеми за над 1.500 денари само за неколку месеци односно од март до септември, а минималната плата на 18.000 денари. Повисоки плати се обезбедени во образованието, во здравството, во детската заштита, во одбраната и полицијата.

Со обезбедување на фиксна и далеку поевтина цена на струјата за компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти, се очекува намалување на цените на до 13 отсто, што ќе донесе помали трошоци за семејствата.

С.Танеска

Tags: владамеркиповисоки ценихрана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ