• Latest

Ципрас: Сириза, меѓу другото, меѓународниот имиџ на Грција го обнови и со Договорот од Преспа

June 29, 2023

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ципрас: Сириза, меѓу другото, меѓународниот имиџ на Грција го обнови и со Договорот од Преспа

June 29, 2023 20:44
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, кој денеска соопшти дека поднесува оставка на лидерската позиција во партијата, Договорот од Преспа е еден од трите најважни постигнувања што ги оствари Грција во периодот кога неговата партија беше на власт, заедно со извлекувањето на Грција од меморандумите и за подмирување на долгот на земјата и со реформите што го кренаа стопанството, пренесува Рацин.мк.

– Денеска, на овој важен ден за мене, изјавувам дека сум горд за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача Ципрас.

Соопштувајќи го повлекувањето од лидерската позиција во партијата го повтори она што го кажа во неделата по изборите дека се затвори еден историски циклус за СИРИЗА, но и дека е време да се отвори нов, следен циклус, а „почеток може и треба да биде негативниот изборен резултат“. – Постојат одредени моменти кога си повикан да донесеш критични одлуки, кога си повикан да застанеш пред историјата, пред оние со кои чекореше заедно, пред оние кои ти веруваа и те поддржаа, пред себеси, истакна Ципрас во емотивната изјава со која ја соопшти својата одлука и со која најави дека останува во редовите на партијата за се ресоздаде една нова СИРИЗА, која ќе може отворени очи да ги чита новите контрасти и новите струи на општеството, новите предизвици на времето и да одговара на очекувањата на оние што ги сака и ги избрала да претставува.

Tags: Грцијапреспански договорЦипрас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ