ЦИВИЛ во соработка со Општина Чаир организира мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, утре, со почеток во 12 часот, во Општината.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.
Основните училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни творби од нивните ученици, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, ќе бидат доделени осум награди на најуспешните учесници. ЦИВИЛ ќе додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.
Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.