Претставници на ЦИВИЛ – Центар за Слобода се сретнаа со министерката за труд и социјални политики Јована Тренчевска, по повод започнувањето на новиот проект на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург.
На средбата разговаравме за стратегиите, политиките и практиките што ги спроведува МТСП во контекст на унапредувањето и промовирањето на меѓуетнички и верски односи и промоција на мултикултурализмот во нашето општество, законот за родова еднаквост и институционалната инклузија на Ромите.
По средбата, екипата на ЦИВИЛ направи интервју со г. Тренчевска на кое таа одговори на неколку прашања во врска со горенаведените теми.
Д. Тахири