Цивил деновиве организира средби со граѓанките и граѓаните и на Скопје, на кои одговара на прашања и дели печатени материјали, книги и публикации.
Инфо-штанд на Цивил е поставен денеска од 10 до 12 часот пред седиштето на организацијата на ул. Максим Горки 31/1, на паркингот зад Тинекс и НЛБ банка. Пешаците можат да му пристапат низ преминот „Палета“, од зад Домот на градежниците или кафулето „Мистер Џек“. Минувачите се задржуваат на кратки разговори со активист(к)ите на Цивил и добиваат бесплатни примероци од книгите и публикациите на организацијата.
Од организацијата најавуваат уште вакви средби во Скопје, а паралелно со тоа ќе продолжат и средбите низ целата земја.