Европски ден на жртвите на криминал од омраза, 22 јули, прогласен од Советот на Европа. Во знак на сеќавање и во чест на 77 недолжни лица што на овој ден во 2011 година ги загубија животите во бруталниот напад во младинскиот камп Утоја во Норвешка. Целта на овој датум е да се воспостави како ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да им се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, за спроведување на законот и за подигнување на јавната свест со цел да се осудат и да се спречат таквите кривични дела.
Говор на омраза, расна дискриминација, вербална пресметка со неистомисленици, односно жртвите на криминалот од омраза во Северна Македонија, особено, во контекст на пристапните преговор на земјата за членство во ЕУ, ги има сè повеќе.
Не помалку се извиците со говор на омраза, за кои секогаш постои можност да прераснат во дела од омраза и на фудбалските натпревари.
Како и многупати досега, ЦИВИЛ го користи и овој повод, Европскиот ден на жртвите на криминал од омраза, да упати најостра осуда на говорот на омразата, како и за ширењето на етничката омраза и повиците на насилство и смрт, на кои јавноста е сведок во сите сегменти во нашето општествено и политичко живеење, вклучително и на спортските натпревари.
ЦИВИЛ ги повикува сите чинители во општеството да кажат НЕ на говорот на омраза кој може да доведе до дел ода омраза.
ЦИВИЛ апелира до надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и соодветно да ги санкционираат ваквите наративи како и злосторствата што може да произлезат од говорот на омраза.
ЦИВИЛ Тим за комуникации