Постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ спроведува мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата во изборен контекст, кој ги опфаќа интернет медиумите и социјалните мрежи, каде што можат да се вклучат и сите граѓанки и граѓани што имаат информации за овие појави, со пополнување на Граѓанската пријава.
Покрај дезинформациите и говорот на омразата, ЦИВИЛ ќе прибира и пријави за насилство, дискриминација и кршење на човековите права. Повиците за насилство, како и сајбер нападите се дел од категориите во онлајн пријавата, како и на интересот на мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Во тек е и повикот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ.