• Latest

ЦИВИЛ, тоа се граѓанките и граѓаните

August 9, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ, тоа се граѓанките и граѓаните

ЦИВИЛ е организација што е во постојан контакт со граѓанките и граѓаните. Во континуитет, тимовите на организацијата подготвуваат посети на помали или поголеми градови и села, со цел да обезбедат информации за сите што се засегнати со горливите теми во општеството, а воедно и да ги сослушаат луѓето на кои им е потребен простор да се искажат и да ги артикулираат своите барања од институциите на локално и на национално ниво. ЦИВИЛ, како организација за човекови права, формирана пред 20 години (1999), стана препознатлива по својата мобилност – од првиот ден е на терен, достапна и отворена за сите.

August 9, 2019 09:10
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштенијата и анализите, како и медиумската платформа на ЦИВИЛ не се единствените начини преку кои изворниот глас на граѓанките и граѓаните можат да допрат до јавноста и институциите. Напротив, тие се само еден дел од работата на оваа изворно македонска организација за човекови права и слободи што постои веќе 20 години. ЦИВИЛите веруваат дека, без блиска и секојдневна комуникација со граѓанките и граѓаните, соопштенијата, анализите и публикациите би биле шупливи и бесполезни. Веќе две децении, ЦИВИЛ ги промовира, застапува и брани човековите права и слободи и се обидува да ги формулира, артикулира и да им даде видливост и гласност на барањата и очекувањата на македонските граѓанки и граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, социјална, политичка или друга припадност, определба или ориентација.

Во основата на определбите на организацијата се европските и зелените вредности, родовата рамноправност, правдата, слободата и еднаквоста на секој човек.

ЦИВИЛ е организација што е во постојан контакт со граѓанките и граѓаните. Во континуитет, тимовите на организацијата подготвуваат посети на помали или поголеми градови и села, со цел да обезбедат информации за сите што се засегнати со горливите теми во општеството, а воедно и да ги сослушаат луѓето на кои им е потребен простор да се искажат и да ги артикулираат своите барања од институциите на локално и на национално ниво. ЦИВИЛ, како организација за човекови права, формирана пред 20 години (1999), стана препознатлива по својата мобилност – од првиот ден е на терен, достапна и отворена за сите.

„Ние сме горди што граѓанките и граѓаните од сите заедници, со различни ориентации, определби и потекло, комуницираат со организацијата и сесрдно придонесуваат, заедно со нас, кон демократските трансформации во општеството. Поддршката и довербата од граѓанките и граѓаните, нѐ направи посебни. Нашата видливост и влијанието што го имаме произлегува од нив. ЦИВИЛ, тоа се граѓанките и граѓаните. Ништо повеќе!“ – изјави Џабир Дерала пред да замине заедно со тимот на едно од бројните патувања низ земјата.

Во овој период, покрај вртоглаво динамичната агенда, организацијата се подготвува да ја одбележи 20-годишнината од постоењето. Организацијата е формирана на 25 ноември 1999 година.

ЦИВИЛ Тим за комуникации


ЦИВИЛ забрзано се подготвува за семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“

Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ