ЦИВИЛ веќе дваесет години во континуитет ја алармира јавноста за лошата состојба на човековите права во пенитенцијарните установи во земјава. Уште во 2000 година, ЦИВИЛ спроведе истражување на состојбите во 13 установи од затворен карактер (затвори, притвори и поправни домови) при што утврди тешко кршење на човековите права и слободи на луѓето лишени од слобода.
Во изминатиот период, ЦИВИЛ на својата медиумска платформа објавуваше низа прилози за условите во затворските установи. Еден од нив е и прилогот што произлезе од пријава од граѓанска новинарка, а по кој Дехран Муратов, ЦИВИЛ Медиа го подготви документарниот прилог „Шести“ за смртта на 25 годишниот затвореник во штипскиот затвор.
Во прилогот е сведочењето на блиските и соседите на Јусинов, упатуваат на сериозни аномалии и пропусти во работата на затворската служба и лекарите. Наводно, тие не му пружиле помош цели четири часа, додека тој бил во претсмртна агонија.