ЦИВИЛ денеска го посети и Гостивар каде во комуникација со граѓанките и граѓаните зборуваше за граѓанската акција против дезинформациите и пропагандата.
„Граѓанките и граѓаните на Гостивар искажуваат една сериозна недоверба во медиумите. Еден од граѓаните рече дека медиумите се само продложена рака на политичарите и низа од коменетарите покажуваат дека дезинформациите и пропагандата веќе се препознаени од граѓаните“, изјави на прес-конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Денешните активности во Гостивар, како и во Тетово, се дел од проектот „Зад димната завеса“ за медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата со фокус на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.