• Latest
Одеса, Украина, 30 април - 1 мај 2026 (Извор: Державної служби України з надзвичайних ситуацій)

Цивилни цели во Украина под руски терор: Над 200 дронови и ракети за една ноќ, а Москва нуди „прекин на огнот“ за својата парада

May 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Цивилни цели во Украина под руски терор: Над 200 дронови и ракети за една ноќ, а Москва нуди „прекин на огнот“ за својата парада

May 1, 2026 08:43
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Одеса, Украина, 30 април - 1 мај 2026 (Извор: Державної служби України з надзвичайних ситуацій)

Одеса, Украина, 30 април - 1 мај 2026 (Извор: Державної служби України з надзвичайних ситуацій)

Share on FacebookShare on Twitter

Кијив, 1 мај 2026 — Во последните 48 часа, Русија продолжи со интензивни воздушни напади врз Украина, комбинирајќи масовни бранови дронови со ракетни удари, додека на дипломатско ниво се отвори нова контроверзија околу рускиот предлог за краткорочен прекин на огнот поврзан со парадата во Москва на 9 мај.

Најголемиот напад беше изведен во ноќта меѓу 29 и 30 април. Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала една балистички ракети, вклучително и Искандер-М и 207 дронови од различни типови, меѓу кои Shahed, Gerbera, Italmas и други. Украинската противвоздушна одбрана соборила или неутрализирала 172 дронови, но биле регистрирани погодоци од балистичката ракета и од 32 ударни дронови на 22 локации, според извештајот од Воздушните сили на Украина (Повітряні Сили Збройних Сил України).

Инфографик на Воздушните сили на Украина, 30 април 2026.

Ова се совпаѓа со објавата на украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, која на платформата X објави дека во текот на ноќта Русија употребила над 200 дронови и ракети против различни региони на Украина. Нејзината порака ја нагласува токму суштината на нападот: не станува збор за изолиран воен удар, туку за масовен терор врз целата земја.

Низ цела 🇺🇦 во текот на ноќта, руски напади со над 200 дронови и ракети погодија повеќе региони, предизвикувајќи прекини на електрич. енергија и разурнувања. Десетици цивили беа погодени од овој напад.
Санкциите, меѓународен притисок остануваат клучни за запирање на војната на рф pic.twitter.com/oTvmI4BcfO

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 30, 2026

Во ноќта помеѓу 29 и 30 април најтешко погодена беше Одеса, каде што руските дронови предизвикаа пожари и оштетувања на станбени згради, градинка, хотел, трговски центар, административни објекти и возила. Според извештаите на украинските служби вчера се повредени најмалку 18 лица, меѓу нив и 17-годишно момче. Две лица се во тешка состојба.

Нападите продолжуваат и во текот на ноќта помеѓу 30 април и 1 мај.

На фронтот, ситуацијата останува исклучително напната. Украинскиот Генералштаб соопшти дека само до вечерта на 30 април биле регистрирани 109 борбени судири, додека руските сили извршиле 51 воздушен напад, фрлиле 166 наведувани авио-бомби, употребиле илјадници камиказе-дронови и извршиле повеќе од 2.200 напади врз украински позиции и населени места. Најинтензивни борби се водат во правците Покровск, Костјантинивка, Хуљајполе, Купјанск и Лиман. Борбите продолжуваат и во текот на ноќта и утрото на 1 мај.

Претходниот ден, 29 април, украинските сили пријавија уште поголем број борбени судири – дури 177, вклучително и 41 напад во секторот Покровск, што покажува дека Русија ја одржува офанзивната динамика, но без јасен оперативен пробив.

Паралелно, Украина продолжува со удари длабоко во руската територија, особено врз енергетска и логистичка инфраструктура. Во последните денови украински дронови повторно го погодија рускиот пристанишен и нафтен комплекс во Туапсе, четврти пат во една недела, како дел од поширока стратегија за нарушување на руската воена економија.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/tuapsa-russia-28-april-2026.mp4
  • Туапса, Русија, 28 април 2026

Дипломатските извори на ЦИВИЛ укажуваат дека политичкиот контекст е подеднакво значаен. Русија предлага краткорочен прекин на огнот околу 9 мај, денот на воената парада во Москва. Претседателот Володимир Зеленски реагираше со скепса и јасна порака. Тој побара појаснување од американската страна за тоа дали рускиот предлог е вистинска иницијатива или само симболична пауза за потребите на московската парада.

„Ги задолжив нашите претставници да стапат во контакт со тимот на Претседателот на САД и да ги утврдат деталите на руската предлог-иницијатива за краткорочен прекин на огнот. Украина се стреми кон мир и ја обезбедува неопходната дипломатска работа за реално завршување на оваа војна. Ќе се утврди за што конкретно станува збор: дали станува збор за неколку часа безбедност за парадата во Москва или за нешто повеќе. Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, гарантирање сигурна безбедност за луѓето и траен мир. Украина е подготвена да работи за тоа во кој било достоинствен и ефективен формат.“

Стратешки гледано, последните 48 часа покажуваат три паралелни процеси. Прво, Русија го нормализира масовниот воздушен терор како секојдневна форма на притисок врз Украина во која цивилите, нивните домови, установи и инфраструктура страдаат деноноќно. Второ, фронтот останува во фаза на тешка исцрпувачка војна, со голем број локални напади, но без стратешки пресврт. Трето, Москва ја злоупотребува дипломатијата за да добие тактичка пауза за безбедна воена парада, додека Кијив инсистира на реален, долгорочен и безбедносно гарантиран мир.

Во таа смисла, руската понуда за краток прекин на огнот не може да се гледа одвоено од ноќта во која над 200 дронови и ракети беа насочени кон Украина. Токму тука е суштината на украинската позиција: мир не може да биде церемонијален гест за веона парада, туку мора да биде механизам што навистина ги штити луѓето.

Џ. Дерала 

 


ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ