• Latest

Црната листа на САД – ММЕ кој нарача повик за будење

June 27, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Црната листа на САД – ММЕ кој нарача повик за будење

June 27, 2023 12:25
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

За кого се наменети пораките од ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД?

Ако не разбереме дека ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, како и сите оние што му претходеа на овој список, и сите оние што ќе бидат запишани во иднина, се само последица на правосудниот систем кој, покрај сите реформи, во голем дел остана како рецидив на заробената држава, нема да има ништо корисно, ниту долгорочна придобивка од заложбата на американската администрација да ни помогне во борбата против корупцијата.

Како прво, бидејќи американската амбасадорка рече дека листата нема да заврши со Мерко, јасно е дека „листањето“ ќе ги „обелодени“ оние за кои американскиот Стејт Департмент со сигурност ќе утврди дека се корумпирани, дека корумпирале и дека на тој начин ја продлабочувале и одржувале во живот корупцијата.

Како второ, и уште поважно, колку што ќе се шири листата, толку повеќе ќе станува јасно дека високата корупција е влезена длабоко во системот. Само ако ја земете првичната слика што ја разоткрија самите актери на правосудниот систем веднаш после апдејтот на црната листа – Судскиот Совет и ОЈО, па дури и надзорните органи како ДКСК, јасно е дека правосудниот систем ни е како швајцарско сирење. Од она со најголеми дупки низ кои се провлекува високата корупција.

Не само повик за будење туку и за ремонт

Се чини дека првата реакција на премиерот Димитар Ковачевски истиот ден кога беше објавено дека на листата непожелни личности вон САД е градоначалникот на Струга Рамиз дека тоа е добра можност да отпочне генерален ремонт на судството, е најсоодветна.

За да ја поткрепи оваа своја реакција тој упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат до информации за струшкиот градоначалник, а наместо тие тоа го направиле стручните лица во Стејт Департментот коишто се наоѓаат неколку илјади километри далеку од нашата земја.

Според премиерот црната листа е уште еден многу јасен показател колку е важно да продолжат европските интеграции на земјата, кои меѓу другото значат и зголемување на нивото на владеење на правото и борбата против корупцијата.

За да биде апсурдот уште поголем, апдејтот на црната листа со Мерко на списокот, им дојде како повик за будење на дел од институциите од правосудството.

Судски Совет (СС) ден-два после објавата за Рамиз Мерко соопшти дела „ќе проверува дали Мерко се мешал во судот во Струга“.

Во меѓувреме, додека да ја формираат комисијата, им пристигнаа „рефрешираните“ укажувања од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), дека Судскиот Совет не ги зел предвид контроверзните одлуки на струшкиот суд за два предмети против Рамиз Мерко.

Судскиот Совет веднаш ја прифати „пинг-понг“ играта со ДКСК, па им врати со бекхенд дека ДКСК доцнеле, или погрешиле во процедурата, па предметите од 2016 и 2017 во меѓувреме застареле (?!?!)

И ОЈО го разбудија, мме.

Четиричлена комисија од ОЈО врши надзор во предметите за Мерко во обвинителствата во Струга и Битола, откако, пазете го ова – „исклучително сериозно ги земале предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице (Рамиз Мерко, н.з.) врз постапките“, и сега они „за сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведат постапка за одговорност“.

Сега јавноста со жива љубопитност ги очекува наодите од двете комисии на СС и на ОЈО, ама никако не може да се отргне од онаа позната: Ако сакаш нешто да не ти успее, формирај комисија.

Затворски туризам

Ќе ги чекаме резултатите од комисиите, па ќе видиме дали Мерко ќе биде опфатен со некој параграф од законите. Никој не е виновен додека не се докаже дека е виновен. Мерко вети дека ќе соработува, а тоа што е сигурно, доколку низ фер постапка се докаже дека е виновен по некој основ што предвидува затворска казна, е дека нема да има потреба да вади нова лична карта и ќе му остане струшката адреса.

Ова го спомнуваме зашто ако Охрид е најпознато туристичко летувалиште во земјава, затворот во Струга стана синоним за „затворски туризам“ откако за редовни „гости“ ги доби бизнисменот Јордан Камчев и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кои од притвор, па куќен притвор во Скопје стигнаа до отворено одделение на Затворот Струга.

Бизнисменот Јордан Камчев, на 5 јануари минатата година излезе од притвор, каде беше од март 2021 година како обвинет во случајот „Плацови на Водно“, откако Судот ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра.

Камчев во април лани за случајот „Плацови на Водно“ беше осуден на една година затвор, додека за случајот „Империја“ призна вина и се спогоди на една година затвор и да плати 5,2 милиони евра.

Во меѓувреме Камчев ја менува својата адреса на живеење од Скопје во Охрид со што надлежен за издржување на санкцијата стана охридскиот суд кој му издаде упатен акт за КПД Струга, кој е од отворен тип.

За случајот „Плацови на Водно“ поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на 21 април лани доби една година и три месеци затворска казна, под обвинение за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”, каде првообвинетиот поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот, Судот во отсуство му изрече седумгодишна казна затвор.

Во јули 2022 година, Мијалков ја призна вината за случајот „Империја“ и се согласи на три години затворска казна и на конфискација на дел од неговиот имот во вредност од околу 30 милиони евра.

Откако го виде „туристичкиот“ потенцијал на струшкиот затвор и Мијалков ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид за да „летува“ три години во затворот во Струга од отворен тип, каде што осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.

Во меѓувреме, додека ги чекаме новите имиња на американската црна листа, останува да го следиме будењето на правосудните институции, како трета, независна власт, на кои, всушност, им е работа да ја зауздаат корупцијата, а не да очекуваат тоа за нив да го прави некој друг.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк
Tags: антикорупцијаДКСКРамиз Меркоцрна листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ