• Latest

Тупанчески: Говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме за Бугарија

July 24, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Тупанчески: Говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме за Бугарија

July 24, 2022 11:10
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секој кој смета дека во некој текст или некое друго место има елементи на говор на омраза може да поднесе кривична пријава, но само институциите на нашата држава се оние кои треба да одлучуваат по тоа прашање, вели министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за Радио Слободна Европа, информираат од секторот за односи со јавност на Министерството за правда.

„Имаме ние национално сопствено законодавство каде што прецизно го имаме дефинирано поимот говор на омраза или синтагмата говор на омраза. Тоа значи дека доколку има прекршување на она што се нарекува позитивно право тогаш ќе зборуваме за говор на омраза без некакви дополнителни елементи или сегменти.Нашата дефиниција за говор на омраза што претставува предикативно дело за некои потешки форми на кривични дела е позиционирано врз основа на добро утврдени европски стандарди, така што без оглед на конкретните состојби, билатералниот договор е прилично апстрактен во таа сфера, меѓутоа ние имаме национална регулатива и доколку се држиме до националната регулатива  практично ќе стигнеме и до посакуваната цел дека говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија туку да му дадеме малку екстензивно значење“, рече Тупанчески.

Според Тупанчески, најновата измена на Кривичниот законик  во чл.426 која се однесува на предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа  а во која  е додаден  и делот за омраза не може да се поврзува со билатералниот протокол кој неодамна го потпишавме со Бугарија.

„Практично нема никаков континуитет или некаква конекција меѓу измените и дополнувањата односно новиот Кривичен законик и неговата прва верзија со актуелните случувања во нашата држава. Две и пол односно три години наназад се работеше на оваа привична драфт верзија која што е прикачена на ЕНЕР системот и сите измени, дополнувања, надградба на актуелниот Кривичен законик беа направени врз основа на  други стандарди што не се поврзани со актуелните случувања. Значи, се тргна од позицијата дека треба да се земат предвид компаративните искуства, детектираните слабости во Кривичниот законик во однос на практиката и се разбира меѓународните стандарди. Коа станува збор конкретно за членот 319, чинам дека беше 426 во драфт верзијата овие додавки или овие суфикси во таа одредба се како резултат на одредени меѓународни стандарди кои што произлегуваат од дефинирањето на поимот омраза. Омразата има свои европски стандарди во однос на нејзиното етаблирање и практично членот 426 претставува само продукција или консеквенција на она што се нарекува меѓународен стандард, апстрахирајќи се од конкретните случувања. “, потенцира министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ