Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека земјата спроведува операции во северен Ирак против курдските бунтовници кои ги смета за терористи.
Ердоган изјави денеска дека во Синџар почнаале операции за чистење на планинската зона од борци на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).
Турскиот претседател претходно предупреди дека ако ПКК не ги ослободи Синџар и Кандил каде има свои бази, тогаш „Турција неизбежно ќе мора да го направи тоа лично”.
Борци на ПКК се распоредија во Синџар во 2015 година за да се борат против терористичката „Исламска држава”.
Извор: МИА