• Latest

Тужби до Управниот суд: Распределба на социјални станови по партиски списоци!

August 3, 2016

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Тужби до Управниот суд: Распределба на социјални станови по партиски списоци!

August 3, 2016 17:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот суд на Македонија во наредните два месеца ќе одлучува дали социјално загрозени прилепски семејства, нерегуларно се одбиени од конечната листа корисници на социјални станови под закуп во населбата Точила, а на нивно место се вдомени граѓани, членови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои се во подобра социјална состојба

Неколкумина корисници на социјална помош, граѓани и семејства коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба, без елементарни услови за живот, го тужат Министерството за транспорт и врски, затоа што се сомневаат во исправноста на софтверската апликација за електронска распределба на социјални станови под закуп, изградени согласно владината Програма за социјални станови. Тие се чувствуваат крајно обесправени и велат дека фактичките корисници, кои се веќе вселени во социјалните станови, ја уживаат оваа привилегија, бидејќи се членови на владејачката партија. Тужбите се доставени до Управниот суд, а во нив се бара да се изврши вештачење, Министерството да ги презентира договорот и лиценцата за користење на софтверската апликација. На социјално загрозените граѓани им е нејасно, како може согласно Методологијата за бодирање на кандидатите, дел од нив да не бидат, дури ниу на прелиминарната листа.

 

„Очекувам дека најдоцна за два месеца, Управен суд ќе одлучи по тужбите. Социјално загрозените граѓани, ги имаат сите основи да бидат корисници на социјалните станови под закуп. Затоа го повикуваме Министерството за транспорт и врски да ја потврди регуларноста на електронскиот избор“; изјави адвокатот Жаре Стеваноски, законски полномошник на неколку одбиени апликанти.

нунески

Еден од кандидатите коишто се чувствуваат целосно обесправени е Душан Нунески (58) од Прилеп, лице со блага ментална попреченост. Неговата внука, Александра Конеска за ЦИВИЛ Медиа уште пред два месеца, ја раскажа целата социјална драма низ која поминува нејзиниот вујко Душан, којшто живее во куќа што се распаѓа, без струја и вода и со минимални 3.800 денари, постојана парична помош.

Освен Нунески, ЦИВИЛ Медиа ги публикуваше и тешката социјална приказна низ којашто поминува самохраната мајка на две малолетни деца,  која е членка на ВМРО-ДПМНЕ, а која посочи на многу нерегуларности. И Рубинчо Ристески, инвалид од Прилеп, реагираше затоа што од нему нејасни причини е избришан од Прелиминарната листа.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со многу други семејства од ромската заедница во Прилеп, кои се соочуваат со исклучително тешки социјални проблеми, а воопшто не биле ниту посетени од Комисијата којашто би ја согледала фактичката состојба.

Најголем дел обвинувањата на одбиените социјалци беа адресирани до Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тврдат дека вдомените социјалци во Точила се партиски кадри. Но, од Комитетот не добивме никаков одговор. Молк наместо одговор беше изборот и на Министерството за транспорт и врски за сите овие социјални драми. Одделот за односи со јавност не одговори ни на телефонските повици, ниту на испратени прашања по мејл.

Распределбата на социјални станови засега наликува на народната – „кучињата лаат, караванот си врви“, но, надежите на дел од корисниците – одбиени апликанти, сега водат до Управниот суд.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕМинистерство за транспорт и врскиПрилепсоцијални становиУправен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ