• Latest

ТВ лицето на правосудството-Вилма Русковска

August 5, 2022

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

ТВ лицето на правосудството-Вилма Русковска

August 5, 2022 19:15
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на актуелните случувања во правосудството и настанатиот „спор“ околу претресот во Управата за финасинската полиција, односно одлуката на обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, и последиците и правните разврски околу целиот процес, новинарот Љубомир Костовски, денеска излезе со анализа „Обвинителски конфликти после првиот чин: Нема да има скрининг пред скринингот“, која меѓудругото задира и во можните политички приврзаности на самата обвинителка.

Во продолжение дел од анализата на Костовски:

Да почнеме само од релативниот крај на овој судир кој започна зимоска со фактот дека обвинителката од областа на организираниот криминал, Вилма Русковска, која сметаше дека, ако замине на одмор во Грција, ќе се раатиса од проблемите кои останаа зад неа. Таа јавно кажа дека мандатот ѝ истекува и дека, ако првиот јавен обвинител Јовески замине во пензија или на нова функција (во Уставниот суд), таа би седнала во неговата фотелја. Притоа, таа покажа дека има моќна телевизиска поддршка зад себе. Си излегува на екраните кога сака и добива простор да си ги каже желбите, а за возврат најавува, во „компензација“, што ќе се случува со криминалот во иднина, низ конкретни случаи, што, нели, не е сосема својствено за професионалците.

Ако се знае чиј е телевизискиот простор кај нас, тогаш би било многу наивно да се мисли дека зад неа не стои извесна моќ. Од денешен аспект гледано, по сите оние афери со правните брканици со Началникот и Орце Камчев, кај некои се наметнува сомнежот дека тие ја имаат нејзината заштита. Прашање е само дали таа релација е на некаква лична основа или, пак, се работи за компензациски колорит во сликата на нашето правосудство?

Случајот со осумтемина прелетувачи при гласањето за промена на Уставот јасно дава можност за такво толкување, уште повеќе што се очекува дека потписите кај нотарите кај вмровските „жими мајка“ пратеници не е на стабилни нозе: Европската перспектива на земјава и онака има, во затскриена форма од јавноста, на уцени од страна на Шампитата и сега!

Републичкиот јавен обвинител зазеде една јасна позиција во судирот кој Русковска го има со директорот на Финансовата полиција Муареми. По она што се шпекулира кај новинарите, судирот не е наивен, бидејќи последниот, наводно, спречил поголема конфискација на имот кај обвинето и осудено лице, кое со помош на нотар и други службени лица едноставно успеало во „12 и 5“ да префрли имот на друг сопственик и за тоа да добие катастарска верификација!

Тука има вклучено лица од албанскиот етникум што пак дало наводен простор Русковска да се повика на преголема заштита на правосудниот дел од страна на ДУИ, како што одново неофицијално се пренесува во разговорите меѓу новинарите. Тоа е веројатно и една од тезите со која обвинителката излегува пред странците?!


Обвинителски конфликти после првиот чин: Нема да има скрининг пред скринингот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ