• Latest

Тевчев: Државата да ги тргне рацете од медиумите!

November 9, 2017
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тевчев: Државата да ги тргне рацете од медиумите!

November 9, 2017 10:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владимир Тевчев, долгогодишен новинар во интервју за ЦИВИЛ Медиа, зборува за слободата на изразување, за новинарството како професија, „забранетите“ теми и центрите на моќ кои се обидуваат да ги замолчат новинарите. 

ЦИВИЛ Медиа: Што за Вас претставуваат слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Тевчев: Слободата на изразување е најбитната работа во едно слободно општество. Во општество коешто се нарекува слободно граѓанско општество, слободата на говор треба да му биде ѕвезда водилка. Граѓаните на тоа општество да можат слободно да ги изразуваат своите ставови, без разлика дали тие ставови ќе им се допаѓаат на центрите на моќ или не. Тоа се однесува исто и за медиумите коишто се битен фактор во правењето на слободата на говорот, односно во степенот на слободата на говорот во тоа општество. Сметам дека е многу битно за тоа како едно општество ќе се развива понатаму.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или може да ги поддржите слободата на изразување и медиумските слободи?

Тевчев: Со оглед на тоа што сум новинар, ги поддржувам преку тоа што се обидувам да говорам за теми за коишто поголемата јавност смета дека се забранети, дека се табу. Работи коишто во последните 10 – 11 години станаа табу иако не беа. Јас се сеќавам, бидејќи работев новинарство и пред оваа чудна ситуација којашто ни се случи во државата и можам да направам паралела, посебно можам да направам паралела бидејќи до 2011 година работев активно како новинар, а по затворањето на телевизија А1 имав пауза од 5 години од медиумите и од пред нешто повеќе од една година повторно се вратив. Забележав една многу битна разлика во тоа како новинарите почнале да се самоцензурираат. До 2011 кога јас активно работев слободно зборувавме иако имавме многу големи притисоци во тоа време од центрите на моќ, било да се политички или бизнис центри. Сега гледам дека новинарите веќе не размислуваат и не се ни обидуваат да размислуваат за тема којашто ја сметаат за „шкаклива“. Новинарите мора да работат прво на себе, да сфатат дека нема глупави прашања, има само глупави одговори и да не се срамат, односно да не се плашат да разговараат за теми коишто го тангираат општеството, го тангираат и човекот како единка во тоа општество.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочувале со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со истите?

Тевчев: Не сум имал експлицитни притисоци, меѓутоа, секогаш можете да препознаете притисок во пораката „зошто баш сега оваа тема ја работиш“ или такви слични пораки. Повеќе можеби сум имал притисоци од бизнис центрите на моќ. На пример ќе ти се јават и ќе ти речат: „Си ја работел оваа тема, зошто не ми се јави да ме прашаш?“ или „Знам дека ја работиш оваа тема“ и без да ти кажат – „Внимавај!“, без да ти се заканат јавно. Исто така, ако може да се смета за притисок, а мислам дека е притисок, обично имаме проблем кога ги снимаме институциите, најчесто државните, кога обезбедувањето доаѓа и ти забранува да снимаш, со изговор дека ти треба некаква дозвола. Сме имале и помали инциденти, во таквите ситуации со обезбедувањето. И, да! Тоа е своевиден притисок. Инаку отворен притисок, морам да бидам искрен, сум немал.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во однос на борбата за слободни медиуми?

Тевчев: Државата да ги тргне рацете од медиумите. Мислам дека се прават напори во тој правец. Пред се владиното рекламирање, коешто со новите законски решенија треба да биде тргнато. Бидејќи тоа според мене беше најбитната работа, односно, најбитната корупција којашто се случуваше во медиумите. Имате една ситуација на пример, еден медиум добива огромни суми пари со коишто си го обезбедил работењето за цела година, со тоа станува сервилен кон центарот на моќ којшто му ги дал парите, го уништува медиумскиот пазар на реклами, ги прави своите новинари сервилни кон уредникот, бидејќи уредникот веќе е сервилен кон центрите на моќ. Значи зајакнување на слободниот пазар на реклами, бидејќи медиумите се пред се финансираат од реклами, е најбитната работа во ослободување на медиумите од центрите на моќ.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамВладимир Тевчевмедиумски слободиновинарновинарствопрофесијаслобода на изразување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ