Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе заклучок да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
„Владата на Република Македонија оваа одлука, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители“, стои во соопштението.